Аца Лукас, кој во Скопје ќе пее на 20 декември на концертот „Кафанска ноќ“, за „Галама“ вели дека ако треба да смени нешто во неговиот живот, веројатно дека не би сменил, зашто од грешките се учи.
-За некои мојот живот е добар филм, за некои е лош, ама во секој случај е интересен. Од грешките се учи, тоа ни е на сите јасно. Затоа велам дека ако се вратам назад на секој дел од овој мој филм, има многу грешки како и во секој филм, па дури и во најдобрите.
Но, колку повеќе си го враќаш филмот назад, толку ти е јасно што било добро, а што не било. Никој не е безгершен, и сите грешиме до крајот на животот, само можеме да се научиме помалку да грешиме-вели Аца Лукас.
Српскиот пејач се сети и на своите почетоци, на белградските сплавови, кога пеел сосема различна музика од оваа денес џез и рок музика, и вели дека промената на музичкиот стил е она што луѓето од него го барале.
-Тоа е вистинското, да бидеш пеач на народот и од народот. Во Скопје на 20 декември во салата „Јане Сандански“ ќе пееме со Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ и Жаре Бербер- сите се мои добри другари. Како што веќе најавивме заедно со „Хајп продукција“, сите пари од оваа голема кафанска ноќ ќе ги донираме за семејствата на настраданите во поажрот во Кочани- вели Аца Лукас. Билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК.

























