(Фото) Со јак бизнис се занимава зетот на Мира Шкориќ, а ќерка ѝ е убава како модел

Во јавноста малку се знаеше за убавата наследничка на Мира Шкориќ, нејзината ќерка Милица. Милица Јеремиќ е докторка, и е ќерка на Мира од бракот со хирургот Васа Јеремиќ.

Ќерката на пејачката речиси никогаш не била експонирана во медиумите и не е заинтересирана за јавниот живот, поради што малкумина знаат како изгледаше таа до неодамна. Многумина се восхитуваат на нејзината убавина како и на нејзината успешна кариера.

Милица завршила медицински факултет и работи како докторка. Летово, Мира и Милица беа заедно на градски настан, а потоа сите очи беа вперени во нив две.

Патем, Милица го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен избраник пред три години, а на свадбената прослава, која се одржа во елитен ресторан, присуствуваа голем број познати личности.

Милица со сопругот Синиша на нивната свадба (Фото: Јутјуб принтскрин)

Бидејќи Милица Јеремиќ никогаш не сакала да се експонира јавно, идентитетот на нејзиниот избраник остана непознат. Единствено што се знае е дека се вика Себастијан и дека е вработен во белградска компанија која гради луксузни станбени комплекси.

-Јас сум најгордата мајка на светот, никогаш не се сомневав во неа. Има љубов кон науката, се запиша на докторски студии. Тоа е нејзина професија, нејзин повик, но јас сум секогаш таа што се грижи – рече Мира еднаш.

Фото: Принтскрин

Мира Шкориќ ќе настапи во Скопје на 20 декември, на концертот „Кафанска ноќ“ во салата „Јане Сандански“ заедно со Мирослав Илиќ, Аца Лукас и Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специјални гости.

Нема да биде ова класичен концерт, туку ретка можност за публиката да се весели во најголемата кафеана на Балканот, со мезе и пијалоци, а ѕвездите на вечерта ќе седат во нивна близина, исто како и сите гости. Организатор на настанот е „Хајп“ продукција, а билетите се продаваат на ОВОЈ ЛИНК. 

Screenshot