По загубата на една од најважните личности во нејзиниот живот, Мира Шкориќ реши да продолжи понатаму и да пее токму проади неа, нејзината сестра Билјана која почина во јули во 2024 година, по долга и тешка битка со лошата болест.
-Тој ден го смени мојот живот засекогаш. Мојата Билјана ми почина на раце на 12 јули, на Петровден. Ретко плачам, но тој ден кога мојата сестра почина како да умрев и јас. Таа беше најдобрата личност која ја познавав“, рече Мира Шкориќ неодамна.
-Сестра ми би сакала да продолжам да ја работам мојата работа и како да добивам сила и енергија од неа од небото. Решив да одам понатаму поради неа, бидејќи знам што ми кажа за додека се лечеше и не сакам да се откажам. Ја загубив душата кога сестра ми ја загуби својата“, рече Мира Шкориќ. Нејзината сестра, почина во болница во Белград.
Токму Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ, Аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специајлни гости ќе бидат ѕвезди на концертот „Кафанска ноќ“ кој ќе се одржи во Арената „Јане Сандански“ на 20 декември.

Сите овие пејачи се познати по најдобрата журка што ја прават каде и да се појават, а секој е најдобар во својата област.
За потсетување, концертот ќе биде како една голема кафеана, со сценографија како во вистинските, со маси, пијалоци, карактеристични чаршафи. Секој од ѕвездите ќе си ги пее своите песни и некои хитови кои останале во срцата на народот со години. И секој од нив, кога ќе заврши неговиот настап не си оди од сцената. Останува да седи во „кафаната“, ги слуша неговите колеги, наздравува и ужива и со нивната музика.

Организатот на овој спектакл е „Хајп продукција“, а стартува од 20 часот. Билетите се во продажба на овој ЛИНК. Секако, за оние кои сакаат да си купат билети од дистрибутерите, во продолжение следи детален опис и контакт каде можат да се најдат:
Скопје ЈК Травел Аеродром,
Т.Ц. Бисер (приземје спроти катната гаража) +389 70 409 800
Скопје Билетара – СЦ Јане Сандански,
СЦ Јане Сандански (пон-пет 10:00-18:00 ч.) +389 78 475 291
Охрид Ирски паб “Даблин”,
Кеј Македонија /
Тетово Гранд Тобако,
Ул. 29ти Ноември 102/2 +389 70 525 025
Велес Унисон,
Ул. Петре Алчев 2 /
Куманово Павел Тобако,
Ул. 3та Македонска Ударна Бригада 31 +389 79 309 925
Прилеп Сити Тобако,
Борка Талески 15А /
Прилеп ТА Бран,
ул.Пере Тошев 75 +389 48 411 188
Битола ТА Ариес,
Далматинска 2 (Стара Чаршија) +389 47 224 155
Битола Литература +389 78 475 293
Кичево Бакарди Бар
Гостивар ЛуЛу Травел +389 42 214 560
Приштина Рејв Травел,
Учк – Х1 – втор кат +386 49 759 859
Кавадарци Делта МТС,
ул.Орце Николов бр. 164 +389 43420100
Штип City Point – Полиција +389 71 415 999
Штип City Point – Зад Нама +389 70 999 035
Штип City Point – City Mall +389 70 999 154
Штип City Point – Населба Баби +389 72 559 999
Скопје ЈК Травел Центар,
Спроти Рамстор Мол


























