Постои ли на Балканов кафеана, каде што четири музички ѕвезди можеш да гледаш пред тебе како уживаат во предновогодишна забава и ти пеат на увце?
Ако досега немало, на 20 декември ќе има, и тоа во Скопје. Соседите Мира Шкориќ, Мирослав Илиќ, Аца Лукас и нашиот Жаре Бербер со неговиот „Галама бенд“ како специајлни гости ќе бидат ѕвезди на концертот „Кафанска ноќ“ кој ќе се одржи во Арената „Јане Сандански“.

Концертот е замислен како голема кафеана, со сценографија како во вистинските, со маси, пијалоци, карактеристични чаршафи. Секој од ѕвездите ќе си ги пее своите песни и некои хитови кои останале во срцата на народот со години.
И секој од нив, кога ќе заврши неговиот настап не си оди од сцената. Останува да седи во „кафаната“, ги слуша неговите колеги, наздравува и ужива и со нивната музика.
И што е уште подобро, ова ќе биде интерактивен концерт. Публиката ќе може да се дружи со ѕвездите како да им се дојдени дома. Е, тоа е нешто што досега го немало кај нас.

Затоа, добро запаметете си го датумот. Таман е за пред Нова година. Не многу блиску до најлудата ноќ, а не е ни воопшто далеку. Ако на 20 декември сте гости во најголемата кафеана на Балканот, ќе имате точно време да се одморите до 31 декември. Па и тогаш можете да ги слушата песните кои одново ќе ве освојат 11 дена претходно.
Организатот на овој спектакл е „Хајп продукција“, а стартува од 20 часот. Колку ќе трае, зависи од вас. Наша препорака е да побрзате. Интересот уште отсега е огромен, а билетите се во продажба на овој ЛИНК.




























