Искра Канзуров или Искра Мишиќ пред екраните ја гледаме во издание кое што не се разликува од она што вистински е таа и кога ќе се исклучат камерите.
Позитивноста на луѓето извира од нивниот поглед, начинот на зборување, размислување и зрачи со енергија за која недостасуваат зборови кои би можеле да ја опишат.
Токму таква е Искра“, напиша во една прилика Betty.mk за нашата позната водителка Искра Канзурова, или Искра Мишиќ- нејзиниото моминско презиме. Искра има две деца со Владимир Канзуров, Матеа и Меглен.
Искра на Фејсбук беше означена во објава на Вања Тодоровска која и била гостинка во студио и зборувале за ликот и делото на Тоше.
– Тоше засекогаш, па и на овој 16 октомври, со Искра на Алфа тв. Илјада прашања и илјада одговори, претпоставки за изминатите 15 години откако Македонија и Балканот го нема Тоше, откако остана без момчето што беше синоним за музика, искреност и љубов.
Тоше беше подготвен да му припаѓа на човештвото, не се штедеше во мисијата да ја шири љубовта меѓу луѓето и како виножито- небото, да го бои животот со песна“, стои во оваа објава.
Она што може да се забележи од сликите сликани во студио е дека Искта одлично изгледа. Таа на Фејсбук не е многу активна, но гласно го кажува своето мислење за состојбите кај нас.
На пример, гласно го поддржа Ламбе кога се случи палењето на бугарскиот културен центар во Битола. Искра тогаш, на Фејсбук напиша: Ламбе ти благодарам. И прости ни што немавме храброст.“
Дека среќата во друштво на ваквите луѓе е заразна, се виде и за време на интервјуто со оригиналната Искра Канзурова, која беше во друштво на своите деца. Уживавме, се забавувавме и се смеевме“, пишува во текстот на Betty.
– Секогаш мислев дека среќа е кога своето хоби ќе го претворите во професија и за прв пат во мојот живот навистина го правам она во кое што уживам. Емисијата ја подготвува цел тим на Алфа Тв.
Заедно го смислуваме целиот концепт и игрите кои што се дел од истиот. Мотото на ‘Добар ден, секој ден’ е; малку мубает, многу забава.
Обично за емисиите кои што се емитуваат секој ден се вели дека стануваат здодевни со гости кои што постојано се повторуваат и ние сакавме да докажеме дека и со тие гости, може да се постигне нешто различно и многу забавно. Додека ги планираме активностите со тимот, се претвораме во вистински деца.
Или пак можеби и никогаш не сме пораснале (се смее). Заедно ги смислуваме, заедно ги пробуваме и заедно се смееме. За нас, колку се пооткачени игрите, толку подобро.
Слободно можам да кажам дека во тимот владее креативна, творечка и слободна атмосфера, без некакви ограничувања.
Секако, секоја емисија се издвојува со неиспланирани работи што всушност ја прават емисијата уште позабавна“, рече Искра. Таа сега е дел од Утринската програма на Алфа ТВ“, рекла Искра за Betty.
Таму зборувала и за тоа каква домаќинка е, и за тоа што значат нејзините две деца за неа.
-Велат дека децата се богатство. Искрено, јас би ја преформулирала реченицата дека децата чинат богатство. Се шегувам, но навистина е така. Животот не би можела да го замислам без Матеа и Меглен.
– Не пеглам. Немам ни даска за пеглање. Сметам дека тоа е тотално непотребно. И гледачите знаат дека рерната не ми работи. И славевме годишнина пред некој ден и мора да признаам дека не ми недостасува. Се храниме здраво, не готвиме.
Претежно јадеме свежа храна. Кога сме веќе кај храната, би додала дека во последно време, ќерка ми Матеа почна да ни забранува газирани пијалоци, пржена храна…
Кога одиме во маркет таа секогаш ги чита описите на производите и ни кажува колку шеќер и колку калории има во нив.
Бидејки на училиште имаат предавања за теми како здрава исхрана, гледам дека тоа многу позитивно почна да влијае, така што ако до сега ние ги учевме децата како треба да се храниме, дојде време кога они почнуваат да ги учат родителите“, рекла Искра.
Откако осумгодишното момче се упокои по каснувањето од куче и целaта јавност се кребна на нозе, се огласи Искра со свој став на нејзиниот Фејсбук профил:
– Време е за пролетна чистка. Сите оние кои деновиве повикуваа на ли-нч, обе-зглав-ување на куче и неговиот сопственик, кој патем ги испочитувал сите возможни закони, ќе ве замолам сами да се отстраните.
Искрено соч-увство до семејството, но една тра-гедија не може да се надомести со друга“, напишала Искра на Фејсбук.