Билјана Дебарлиева сподели приказна за својот живот и уникатна слика- покажа како изгледала како дете (ФОТО)

0

Нашата позната Тв презентерка Билјана Дебарлиева, на Фејсбук минатата година сега сподели една новина која многумина изненади.

Имено, таа кажа дека по 11 години си оди од Канал 5 и дека тој ден, за последен пат се појавила на оваа фреквенција.

-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.

Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе.

До нешто следно… ќе ми фалите“, напиша таа во септември минатата година, а потоа објави дека заминува во ТВ 24, и ќе ја води емисијата Фактор здравје.

– Секој од нас во одреден период од животот чувствува потреба за некаква промена, но човек нема секогаш храброст да ја направи самоиницијативно.

Некако се навикнуваш на средината во која работиш, колегите, ангажманот, работните обврски.

Во 11-те години поминати во ТВ Канал 5 ја водев емисијата за здравство „Визита“, а паралелно со тоа бев ангажирана како презентер на утринските вести.

Во периодот кога правевме пауза со „Визита“, добив понуда да ја водам емисијата „Фактор здравје“ на ТВ 24 и некако во тој момент кај мене преовлада желбата повторно да се вратам на контактна емисија што веќе долги години е присутна во етерот.

Одлуката не беше едноставна и нималку лесна, но тогаш размислуваш во насока дека шанси во животот немаме многу, па ставаш на кантар што добиваш, а што губиш доколку прифатиш или одбиеш нешто што ти е понудено.

Едноставно продолжив со проект што го работам со многу љубов и посветеност“, изјави таа во интервју за Слободен печат, а потоа кажа:

-Лесно се приспособувам на секоја ситуација, не само професионално туку и во приватниот живот.

Ако човек не може да се приспособи на нештата и на работите што ги носи животот и секојдневието, ќе остане заробен во своите стравови од неизвесност, а тоа, пак, те прави уште поранлив.

Едноставно си велиш – тоа е реалноста, морам да ја прифатам, ако можам да сменам нешто во ред, доколку не, тогаш продолжувам понатаму со позитивна мисла што ми дава надеж дека треба да уживаме во секој миг од животот, без оглед на тоа какви се околностите“.

Билјана исто така го спомена својот сопруг Јован Дебарлиев, кој е голем авантурист и за него како личност во оваа прилика таа изјави:

– Стравот кај мене би рекла дека е неоправдан, но сепак присутен, веројатно зашто не знам што ме очекува.

Мислам, размислувам, се плашам потајно дали ќе биде добро, безбедно, го можам ли јас тоа (а не можеш да знаеш додека не пробаш).

Сама никогаш не би се охрабрила да направам некои работи, но, за среќа, до мене секогаш е сопругот Јован, кој е доволно упорен и не попушта, зашто знае дека кога ќе заврши сѐ, мојот коментар ќе биде – „Ќе беше жално да пропуштев вакво нешто, одиме во следна авантура“.

– Мислам дека фалат содржини во програмската понуда што би опфатиле најразлични сфери од секојдневниот живот.

Не дека ги нема, но секогаш треба повеќе и подобро, програма за деца, тинејџери, оние на средна возраст и повозрасните, за секого по нешто.

Само така ќе го смениме генералниот впечаток дека само „пензионерите гледаат телевизија“- е нејзиниото мислење околу телевизиската програма денес.

Билјана сподели една важна приказна од својот жвиот, која се однесува на нејзиното детство, а на сликата таа е во носија, сликана во пресрет на Цветници.

-Кога ќе се сетиш дека во подзаборавениот албум од детството имаш убав спомен од пред 40-тина години.

Лазарова сабота, убав ден, празник, кога како дете, секоја година во родното село на мајка ми, Велгошти,бев дел од традиција во пресрет на Цветници“, напишала Билјана на Инстаграм до оваа уникатна слика.

Претходна статијаВо различно издание, во интересно друшво, ваква не ја знаеме Наташа Мерсовска (ФОТО)
Следна статијаЈасмин објави слика со новите соседи од Мелбурн, додека Гавазова се сликала во тесен фустан, спремна за лето (ФОТО)