Јасмин објави слика со новите соседи од Мелбурн, додека Гавазова се сликала во тесен фустан, спремна за лето (ФОТО)

0

Пејачката Сузана Гавазова е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Сопругот Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена. Споделувајќи слики од ќерките, тој кратко напиша: Моите убавици!

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Јасмин и Сузана минатото лето беа со ќерките на грчкиот остров Миконос и од таму секојдневно објавуваа слики во кои го покажуваа нивното уживање на овој убав остров и плажите на кои одмараа.

Но, една објава на профилот на Јасмин привлече големо внимание. Имено, тој јавно покажа колку всушност ја сака својата драга жена и напиша:

„Половина час размислувам, што да напишам, но Фејсбук не ми дозволива да ги напишам тие милион зборови за да ја опишам оваа жена“.

Таа во една прилика објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

Јасмин пак неодамна, својата сила ја покажа во Охрид, каде што и покрај сѐ уште студената вода, реши да ја отвори сезоната и се искапе во езерото. Тој до сликата напиша: Само за оние со јаки!

Но, уште едно езеро ќе им биде на дланка на Сузе и на Јасмин. Причината е новата вила што тој и Гавазова ја изградија, а според сликите кои ги објави, имаат избрано прекрасна локација.

„Нов проект“, напиша мажот на Гавазова, кога ја градеше вилата, до сликите, а глетката е милион долари, целото Дојранско езеро на дланка!

Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.

Гавазова често објавува фотографии на кои го покажува своето деколте и останатите адури кои природно ги има. Гавазова има перфектно тело позади кое стои добрата генетика, но и младиот дух кој ја одржува пејачката вита и здрава.

Сузана моментално е во Мелбурн во Австралија каде заминала со сопругот, а цел профи тим се грижи за неа и може да се каже комотно дека таа таму е третирана како кралица.

Сузана на секој настап изгледа комплетно средена, а бидејќи во Мелбурн е сега при крајот од летото, Гавазова ја искористи приликата да се облече во летно фустанче на кое доста впечатливо се гледа нејзината добра фигура.

Гавазова облекла краток, црн фустан кој го издолжува нејзиното тело. Таа навистина има вкус и добар стил за облекување.

Додека Гавазова се слика и се спрема за настапи, Јасмин покажал како ужива во прекрасното утро во Мелбурн каде бил опкружен со кенгури. Погледот е милион долари, кон зеленилото од ова прекрасно место.

„Утринско кафе со моите нови соседи,“ стои во описот на Јасмин.

Претходна статијаБилјана Дебарлиева сподели приказна за својот живот и уникатна слика- покажа како изгледала како дете (ФОТО)
Следна статијаВесна Бејби искрено си кажа каков маж сака- не мора да биде богат и згоден