Елена од „Сител“ сама на пуста плажа, еве како изгледа и што откри за себеси (ФОТО)

0

Убавата водителка од ТВ Сител, Елена стојановска, во една прилика зборуваше за тоа како успеа да изгледа толку добро, и на кој начин ја одржува добрата форма, тоест која е нејзината тајна за убавата линија.

-Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип.

Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага.

Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага“, изјавила Елена.

водителката од Сител ТВ, кариерата ја започна на 16 години во саботната радио емисија „Наши графити“ на Втора програма Македонско радио. Таму остана до 2016.

-Имав мали паузи но дефинитивно Сити радио беше моја најголема и најдолга радио приказна. На телевизија почнав на 18 години со емисијата 100% на А1 телевизија, а еве сега речиси дваесет години подоцна ги будам гледачите на Сител во утринската „Ја сакам Македонија“.

Имав и мали прекини, но сепак вака во бројки е прилично долг период.

Радиото дозволува комфор и ви дозволува да бидете вие, без никакви маски од шминка, внимателно седење, внимавање на гестикулацијата. Некогаш и тешко беше да се одвојат едниот од другиот медиум, но радиото мене ми помагаше за говорот на телевизија.

Радиото направи да имам брза течна мисла, да се снаоѓам во повеќе ситуации. Телевизијата пак си има свои придобивки, присутноста на тв екраните е фантастична промоција за некој што решил да се занимава со оваа работа“, изјави таа во интервју за Убава.мк

Елена, која е со години омилена кај гледачите, во истото интервју вели: Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен“.

Што се однесува до модата, таа е секогаш доследна на својот романтичен стил. Елена за Фешнел, во една прилија ја откри својата љубов кон модата.

– Модата има значајно место во мојот живот. Вага сум во хороскоп, па вистина ги сакам убавите нешта.

Се обидувам да бидам убаво облечена во склад со пригодата, обожавам да гледам ревии, документарни филмови за големите креатори, знам да забележам промена кај луѓето.

Мислам дека сево ова е доказ, зарем не? Секогаш го дефинирам мојот стил како романтичен, и во најрокерската комбинација јас ќе најдам простор за нешто нежно.

Одам на ревии кај дизајнерите кои ме повикуваат, ги канам во своите емисии и мислам дека за жал талентот некогаш го ограничува скромниот буџет.

Но, ме радува оптимизмот и знам да излезам во пресрет и медиумски да ги поддржам луѓето од македонската модна сцена“, изјавила Елена.

Нејзин заштитен знак е насмевката и фризурата за која вели дека не сака да ја смени со години.

Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата.

Таа е сопруга на Огнен, а за својата ќерка Елена изјави: Кога првпат ја видов, се помирив дека физички не личи на мене. Ниту на татко и. Илина е своја и гледајќи ја мислам дека е совршена божја креација.

Елена сподели едно ново стори, на кое таа е сама, на пуста плажа. Облечена е во бел летен фустан, а нашата водителка, до ова стори откри нешто интересно за неа.

Сакам да си живеам на плажа- напишала нашата позната водителка која изгледа топ на оваа слика со идилата пред неа.

Претходна статијаКако кралицата да дошла во Австралија – еве како ја „тинтраат“ Гавазова таму (ФОТО)
Следна статијаВо различно издание, во интересно друшво, ваква не ја знаеме Наташа Мерсовска (ФОТО)