Разводот кој ѝ беше на „тацна“ на целата јавност беше оној на поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски и неговата, сега веќе поранешна сопруга Агнеса Органџиева, која е сега доста позната инфлуенсрека.
Орданоски на Фејсбук објави детали за тоа како таа одеднаш му рекла дека се оладила од него, а по неколку месеци б уpни преписки, парот мирно се разделил.
Орданоски порано беше многу активен на социјалните мрежи, но сега веќе не е. Многу е чудно што последната објава му е пред неколку месеци, кога го честитал Осми септември.
Но, затоа Агнеса на Инстаграм брои повеќе од 40 илјади следбеници, и речиси сите објави ѝ се „спонозрски“ тоест речиси на секоја таа рекламра или модни дидатоци, чанти, чевли, козметика, угостителски објекти. На Агнеса очигледно дека ѝ тргна инфлуенсерскиот бизнис и топ заработува.
Aгнеса учествуваше во подкастот на Стефан Лазаров, а беа гости заедно со Зоки Фаци.
Лазаров постојано ја прашуваше Агнеса за нејзиниот приватен живот, а таа во интервјуто од речиси 2 и пол часа зборуваше за убавите, но и тешките моменти од нејзиниот живот.
„Дали некогаш си била изневерена?“ гласеше прашањето на Лазаров, а Агнеса одговори:
„Сум била, па зошто се разведов. Значи, дечки, сега вака ќе ви кажам. Најубава жена и најпосакувана, Адријана Лима беше изневерена, така да, мажи.“
Потоа, Лазаров ја праша дали ја познава, а Агнеса рече: „Епа сеа, дали ја знам. Тука се појавуваат. Неколку пати ме има изневерено,“ рече Агнеса и додаде дека ги фатила во лет.
„Имам многу луѓе ми се јавуваат и тоа е тоа,“ а Зоки Фаци рече:
-Стр ашно, и ти си убава девојка, па те изневериле….
Агнеса Органџиева во интервју за Гламур.мк неодамна зборуваше за тоа какви мажи може да ја освојат, но откри и многу детали од приватниот живот, за кои досега нема зборувано.
На прашањето дали Агнеса е вљубена, таа одговори дека сѐ уште го чека вистинскиот, но откри и какви мажи би можеле да ја привлечат.
-Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат, па се рушат.
-Агнеса е нормална, живее нормално, се бори сама. Сакам луѓе до мене со висока фрекфенција на енергија, не сакам ниски вибрации никогаш. Каде што можам, помагам.
Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни.
Па за нашиов трачарски народ мора да им дадеш нешто во чинија за да мацнат.
Во интервју за Бекстејџ, на прашањето, дали прифаќа понуди за вечера од мажи, таа одговори: Сега во овој момент, можам само со другар јавно да искочам на вечера, а со дрга особа секако не. Тоа би било надвор од Скопје, рече Агнеса за „Бекстејџ“.
Порталот style.mk, коментирајќи ја Агнеса, пренесува дека има информации дека Органџиева во Истанбул извадила две ребра:
„Овој пат, таа е актуелна со трач муабетот дека се решила да извади две ребра за да има струк како на Ким Кардашиан.
Операцијата наводно ја направила во една позната клиника во Истанбул.
Според фотката,таа навистински има тесно струкче,па дали и фалат две ребра не знаеме, оти таа не беше достапна за коментар. Останува да процените сами“, напиша стајл.мк, а Агнеса денес веднаш одговори:
„Трачарско Скопје, уште ова немам слушнато!“
Aгнеса на својот Инстаграм често објавува слики од самата себе кога сака да покаже некое ново парче облека, но и од ресторанот „Дион“ каде што често оди и ги снима јадењата кои ги пробува. Таа во последно време, многу се дружи со познатиот новинар Зоки Фаци, а и со Стефан Лазаров.
Агнеса на стори објавила нешто необично. Таа напишала мудра мисла која кажува многу за љубовта и животот, а гласи вака:
„Човек што не знае да сака, тој не знае да уми ра. Агнеса. О“, стои во објавата на Агнеса, а по ова може да се забележи дека покрај инфлуенсерството, Агнеса има и поетска душа.