Во моментов на ТВ екраните не се емитуба, тоест паузитра емисијата „Живот со стил“, а овој наслов остана ТВ заштитен знак на водителката Елена Најдоски, или претходно Елена Стефановска.
Во скорешно интервју за Слободен печат, таа рекла дека е подготвена следната сезона на телевизија да се врати со поинтересни содржини. Други, поважни нешта сега го окупираат времето на нашата атрактивна водителка.
Времето поминато со сопругот Бојан е едно од нив. За него со радост вели дека мајстор во кујната и заемно се изненадуваат со патувања во кои и двајцата уживаат.
Елена за првпат искрено зборува за тоа како го запознала Бојан, зошто се вљубила во него, и вели дека не е љубоморен партнер.
За Елена и за Бојан би бил најголем благослов ако наскоро станат родители, а ова е дел од нештата што ги открива за „Слободен печат“.
– Со Бојан сме заедно 4 години и постепено се навикнувавме еден на друг и можам да кажам дека и двајцата останавме доследни на себе.
А клучот за да функционираме успешно кај нас беше што од самиот почеток си ги прифативме сите несовршености. Ниту еден од нас не се трудеше да го промени другиот.
Откако сум во брак, моите навики малку се променија во поглед на тоа дека сега сум повеќе ориентирана кон домот и семејството, и најсреќна сум во моментите поминати со мојот сопруг.
Често одиме на патувања на различни дестинации што најголем дел се испланирани од Бојан како изненадување за мене, но еднакво уживам во моментите поминати дома, особено кога Бојан ќе зготви некое вкусно јадење.
Честопати велам дека ниту готвачите од врвните ресторани не му се рамни, а тој готви со толку многу љубов, иако не е тоа негова професија.
Кога најмалку очекував дека ќе го сретнам човекот на мојот живот, го запознав Бојан во еден скопски локал преку заеднички пријатели.
Кратко време се дружевме, излегувавме заедно, но многу рано во нашата врска одлучивме да живееме заедно.
Одлуката се случи сосема спонтано и двајцата ја чувствувавме како правилен потег во животот и мислам дека тоа беше моментот кога и двајцата знаевме дека сме еден за друг.
Веќе го споменав готвењето. Но, независно од тоа, Бојан е успешен претприемач. Од многу млад е сериозен и одговорен во својата работа. Тој е столб на нашето домаќинство.
Секогаш е тука за мене да ме сослуша и да ми даде поддршка што е особено важно во мојата професија. Погодени сме во тоа што и двајцата сакаме да патуваме и да си приредуваме изненадувања еден на друг“, изјавила Елена.
-Од Бојан имам најголема поддршка за мојата работа и за сѐ во животот. Му годи кога добивам комплименти и досега немам никаква негативна реакција од него“, додала познатата водителка.
-Мојот круг на најблиски пријатели се луѓе со кои се дружам долги години, а голем дел од нив се од периодот пред мојата популарност на телевизија и социјалните мрежи.
Тие луѓе често ме опишуваат како емотивна, секогаш сум тука за моите пријатели и расположена за дружба“; кажала таа како опис за нејзината личност.
Елена објавила едно стпри на кое се гледа дека одмара во Србија во Сокобања. А дека животот и годи откако се омажи, се гледа по описот на сликите.
Елена си дозволува да си посипие и да стане одморена, а на сторито, со слика од појадокот кој се служи во хотелот каде што е таа има напишано:
-Убавината на претстојот е спиење до претпладне, затоа што појадокот се служи до 11 часот“, напишала Елена а потоа ставила едно стори како е гушната со својот сопруг Бојан.
Тоа е всушност слика која тој ја објавил, и до неа има емотикон со срце и детелина со четири листа, а со ова Бојан сигурно сака да каже дека е среќа што ја има Елена во својот живот.