Гламурозно издание на Адријана Кеш, никој не би поверувал дека наполни волку години – кажа и дека се чувствува како да има 18 (ФОТО)

0

Битолчанката Адријана Aцевска ја стекна својата популарност со хитот „Кеш, кеш“ кој стана и нејзин прекар. Покрај тоа што се презива Ацевска, повеќето ја препознаваат како Адријана Кеш. Таа е една од нашите најатрактивни и најзгодни водителки, а за тоа како изгледа ѝ позавидуваат многумина.

Таа всушност има почнато како пејач на забавна музика и во детски емисии. „Народно почнав да пеам откако ја снимив песната „Кеш“, рече таа во емисијата „Магазин“ каде што беше гостинка.

Раскажа дека на фестивалите на забавна музика во Прилеп пеела заедно со Тоше Проески.

-Јас сум премногу самокритична и знам да си се налутам на самата себе ако непромислено направам било што, така што критиките ми се и тоа како битни за да се потрудам да бидам подобро доколку доаѓаат од вистински личности.

Што се однесува до ,,хејт” коментарите ги имало и ќе ги има.

Приватно сум сосема друга личност од она што го гледа мојата публика на моите настапи. Јас преферирам да се облекувам спортски или нешто во што се чувствувам комотно, најчесто патики или чевли без потпетици. Дома кога сум редовно си носам пижами.

„Песната „Кеш“ ми беше пресврт во кариерата. Кога ја снимив, можеби не бев подготвена. Кеш ме обележа. Драго ми е што и ден денес се вратат, се пеат на моите настапи.

Името го добив по песната и мило ми е што ме препознаваат по некоја моја песна“, кажа пејачката во едно свое телевизиско интервју.

-Да се биде јавна личност е една од најтешките професии и тешко кој може да го издржи тој притисок, особено кога си жена.

Некогаш ми годи кога се најдени вистинските зборови за физичкиот изглед, сепак би сакала повеќе да се зборува за трудот кој го вложуваме во она што го работиме, бидејќи сепак секоја професија си носи свои тежини, а неблагодарно е кога акцентот не се става и на тој труд“, изјави таа во интервју за Вечер прес.

Во Магазин, зборуваше и затоа колку сака да се дружи со колегите, а еден нејзин колега и пријател Борче Димитров од групата „Рафинерија“ зборуваше за неа.

-Јас откако ја познавам, не сметам дека е изложена на лоши коментари, таа како да има потреба да си ги бара коментарите и да се рчка, по Фејсбук и по други социјални мрежи и знае да се јави: Како бе човек вака?

Зошто бе човек вака? Знае да ја погоди, меѓутоа брзо ѝ проаѓа. На крај ќе каже: Па, ми е гајле сега, што да правам?“, раскажа Димитров за тоа дали Адријана е погодена од коментарите.

Потоа раскажа случка за една свадба каде што била таа, а тој дошол со неговата сопруга.

Ми се сврте низ глава еден приватен настап, една случка, кога бевме поканети на свадба кај една наша колешка, и договорени да одиме заедно, секако сме на иста маса. Излегуваме од кола јас и мојата сопруга.

И таа и сопругата облечени од глава до пети сосема исто. Се фатија за глава: Што ќе правиме сега, ајде да се пресоблекуваме. Јас им викам: Не, топ сте! Тоа се заборави на брзина, инаку беа спремни двете да се пресоблечат“, рече Борче Димитров.

Потоа Андријана раскажа дека таа е професионалец во својата работа и секогаш се труди да е убаво облечена, макар и кога оди во маркет.

Keш е една од нашите најзгодни водителки, а за нејзиниот младолик изглед со сигурност е задолжен добриот ген и начинот на живот.

Адријана го прославила својот 40-ти роденден, а по тој повод објавила слика на својот Инстаграм профил каде ги дува свеќичките на тортата. Никој не би рекол дека пејачката влегува во петтата деценија бидејќи нејзиниот изглед навестува 10 години помалку.

Адријана во описот на сликата напишала како се чувствува:

„Изгледам на 18, се чувствувам како 14, се однесувам како 8, тоа прави 40, нека ми е среќен роденденот,“ напишала Кеш.

Претходна статијаИлина објави од кој дел на своето тело се cpaмела целиот cвој живот- сега гордо го покажа (ФОТО)
Следна статијаЕве со што се занимава сега Васко Тодоров алијас Тошо Малерот: Јас сум џандар пред пензија (ВИДЕО)