Илина објави од кој дел на своето тело се cpaмела целиот cвој живот- сега гордо го покажа (ФОТО)

0

-Мајка ми е во душата голем авантурист, слично и татко ми. Тие не одгледале во духот на природата и авантурите“, рекла нашата позната алпинистка Илина Арсова во една прилика за Слободен печат.

Јас уште како многу мала сум пројавувала желба да патувам низ светот и колку што се сеќавам, тоа го искажував во сите есеи на слободна тема по македонски и англиски јазик.

Ме воодушевуваше волонтерската работа во подрачја зафатени од природни катастрофи. Адреналинот би рекла од секогаш бил мој сопатник, а спортовите беа најздравиот начин за да го насочам и канализирам“, рекла таа.

Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот – таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски).

Потоа, таа е магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“), магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител.

-Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства.

На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.

Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сеуште се донекаде зачувани.

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу …

Илина е сега во Америка, на докторски студии во Тенеси, и работи на тамошниот Универзитет, и поради таа далечина, таа веќе не е во врска со Игор Џамбазов, нашито познат актер.

Илина објави своја нова слика на која ги покажа мускулите, а ана сликата како и секогаш изглед одлично и објасни од кој дел на своето тело се срамела.

– Долго време се срамев од моите големи раце, и никогаш, никогаш не кревав тешко, освен мојата лична тежина.

А сега, луѓето трошат богатство за да имаат големи и тонирани раце. Ова е навистина смешен свет“, напишала Илина.

Претходна статијаКатарина Ивановска раскажа каков викенд имала и се сликаше во најоригинално издание- но ги ограничи коментарите на објавата (ФОТО)
Следна статијаГламурозно издание на Адријана Кеш, никој не би поверувал дека наполни волку години – кажа и дека се чувствува како да има 18 (ФОТО)