Се слави во домот на Маја и Даpко Панчеви- поводот е ќерката Надица (ФОТО)

0

Еден од омилените парови од јавние личности кај нас се Маја и Дарко Панчеви. Тие се среќни и горди родители на ве убави ќерки кои се вече големи и се викаат Надица и Марија.

Постарата ќерка на Панчеви Надица дипломираше на Германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. „Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, рече Маја за неа кога заврши факултет.

Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“. Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.

Токму Марија за роденденот на Маја, објавила една интересна слика од својата убава мајка. Имено, Маја на 25 мај наполни 49 години, кои никој не би ѝ ги дал, затоа што изгледа како девојче, а годинава ќе прослави јубилеј.

Кој би рекол дека Маја е мајка на две големи ќерки, но и Дарко кој поради својот спортски дух изгледа доста помладо од своите 57 години.

За Еспресо.мк, Маја ја раскажа љубовната приказна со Дарко.

Се сеќавам на тој момент, тоа беше првото негово појавување на МТВ во емисијата „Автограм“. Бев мала за да имам некое посебно мислење за него, но се сеќавам дека со моите другари собиравме сликички од него.

Ни на крај памет не сум помислила дека еден ден ќе го запознаам – раскажа Маја за сопругот, фудбалската легенда, а се потсети и на денот кога се запознале и се вљубиле еден во друг.

-Во периодот кога тц „Беверли Хилс“ беше едно од најпопуларните места за излегување, каде што беше и неговото кафуле, јас како активна со пеењето се движев во тој регион.

Во неговиот локал работеше еден мој другар и другар на брат ми, каде што одевме често да го посетиме. Таму го забележав за првпат Дарко којшто беше претпознатлив на свој начин.

По кратко време ме изненади и ми пријде на терасата од кафулето. Ми кажа дека ме гледал на „Макфест“ и дека бил пријатно изненаден од тој настап.

Така некако почна нашето запознавање и пријателски однос, кој понатаму се разви во многу повеќе заради привлечноста која ја чувствувавме и двајцата еден кон друг.

Знаејќи го неговиот статус, долго време го одбивав да излеземе, но почнав да му верувам сѐ повеќе и на крајот попуштив.

Заради моето домашно патријахално воспитување, реакцијата на моите родители не беше многу позитивна заради неговиот статус, но на крајот и тие увидоа дека се работи за нешто сериозно, и дека на крајот љубовта секогаш победува“, се сеќава Маја.

-Мислам дека изреката „Човекот учи додека е жив” е точна, но однесувањето и одлуките кои се носат во животот, секако дека зависат многу и од домашното воспитување.

Научив дека треба да си позитивен, да почитуваш и секако дека тоа луѓето ќе знаат да го ценат. Прави секогаш добро, а лошо никогаш“, има изјавено Мја во едно интервју за Фешнел.

-Свесна сум дека годините си врват, но никогаш досега тоа не ме оптоварувало. Знам дека староста треба да биде дел од животот на секој човек и спремна сум тоа да го прифатам.

И досега, од тоа што го правев сум задоволна и не би менувала нешто многу, би продолжила со истиот начин на живот.

Мислам дека секој човек во себе го носи детето и има моменти кога тоа и го покажува. Во зависност од ситуацијата, секој од нас го покажува тоа на различен начин и имало моменти кога и јас сум се радувала и постапувала како дете.

Тоа што си веќе созреан како личност, тоа што си веќе родител те прави да размислуваш на поинаков начин, а бидејќи го поминав периодот кога бев помлада, со задоволство се сеќавам на познатата поговорка: „Годините да ти ги имам, ама паметот да ти го немам”, изјави Маја.

Марија, помалата ќерка на Маја и на Дарко е веќе успешен модел. А, ова го открила Маја на стори на Инста, откако споделила слика од бренд за облека кој нивната убавица го рекламира.

Ако влезете на Инста профилот на оваа фирма можете да ја видите убавата Марија како гордо се шета со моделите на оваа онлајн продавница како што пишува на профилот.

А гордата мајка Маја сподели слика од својата Марија која пораснала во прекрасна девојка и баш и личи оваа улога на модел која одлично ја работи.

А маја е горда и на Надица секако, која е веќе возрасна девојка, и сподели слика со неа по повод нејзиниот роденден. Надица израснала во убава млада дама, а Маја оваа слика ја опиша со овие емотивни зборови: На мама срце.

Претходна статијаЕве каква приказна се крие позади вистинското име на Илда, ќерката на Шабан, за него било многу значајно
Следна статијаКатарина Ивановска раскажа каков викенд имала и се сликаше во најоригинално издание- но ги ограничи коментарите на објавата (ФОТО)