Иако Калиопи Букле е во шестата деценија од животот, таа може да се пофали со младешки изглед на кој можат да и позавидат и многу помлади девојки.
Пејачкатаво едно интервју за српскиот портал „Блиц“ си ја „отвори душата“ за приватниот живот. Таму ја прашаа штоја држи секогаш елегантна, полна со енергија, насмеана, расположена? Дали љубовта е одговорна за тоа?
– Тоа е љубов. Елеганцијата се стекнува со раѓање и воспитување во семејство.
Се зависи од меѓучовечките односи, кој од каде е, каде сакаат да оди, во која насока.
Сè што ме опкружува ме прави ваква, а тоа е да бидам секогаш насмеана, расположена и среќна“, одговорила Калиопи, а потоа додала:
– Некои дами не можат да си го дозволат тоа бидејќи нивната судбина е да се грижат за децата, да бидат дома. Тоа е една од најголемите уметности.
Понекогаш посакувам да можам да си го дозволам тоа. Јас секако го почитувам тоа. Секако, секоја жена би сакала да си дозволи таков живот.
Се посветив на сцената. За мене најважна е сцената и се што правам го правам за мојата публика“, рекла Калиопи, а потоа исто така коментирала за естетските интервенции:
-Немам ниту едена, никако. Ниту голема ниту мала. Немам ништо против тоа. Кој сака нека ги прави.
Благодарение на генетиката и добрите корени, ја имам кожата што ја имам.
– Се мора да има доза на умереност. Ако нешто е убаво, и Бог е задоволен. Немам ништо против тоа. Секој нека си прави како што му одговара. Секој поентира на свој начин.
Никогаш не морав, ниту го правев, ниту сакав. Убаво е ако е умерено и има естетика. Тогаш јас сум за“, изјавила оваа наша голема пејачка.
Во друго интервјуто таа зборува и за двата развода – со Ромео Грил и актерот Васил Зафирчев.
Како ги надминувала теш ките мигови во животот, но открива детали и за својот син Пако.
„Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме, а веќе следната година отидовме во студио и направивме албум. Некому му е тоа чудно, но не и нам.
Ромео е моето главно рамо за пла чење и ден-денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе“, раскажала Калиопи за односот со Ромео Грил од кого е разделена повеќе од две ипол децении.
Таа вели дека во животот не може сѐ да биде онака како што ние сакаме.
Вели дека не се кае за ништо што досега направила оти што и да се случило, тоа е нејзината приказна.
„Не е убаво кога во животот е сѐ мазно, мора да има и малку прашина“, рекла Букле потенцирајќи дека и вториот развод не го сфатила траг ично.
-Најемотивен момент во мојот живот беше раѓањето на мојот син Пако. Тој живее во Швајцарија и не сака да зборувам за него.
Постојано ни вели: Немојте да зборувате за мене, заборавете ме во изјавите“, така што морам да ги почитувам неговите желби“, изјавила Калиопи за српски медиум.
По долги години, Калиопи и ромео Грил се повторно заедно. Таа објави едно видео како среќна му се фрла во прегратка, и кажа дека всушност не се имаат видено цели три години.
-Конечно, по три години повтпрно обединување. Добредојде Ромео. Повторно донесе две скапоцени песни. Ајде да работиме“, напишала Калиопи до пва видео.
А на видеото, таа го пречеува на скопскиот аеродром, видно радосна што го гледа и како што нашата позната пејачка најави треба да се снимаат нови песни со здружени сили.