Во една прилика, Кутр.мк објави текст за несогласување помеѓу две наши фолк-пејачки, Сања Сани која сега сега презива Урдаревиќ, и Сања Барика- Сања Цинцева.
Тогаш осамна споделен статус на фолкерката Сања Сани Гроздановска која очигледно влегла во „отворена во-јна“ со својата колешка, имењачката Сања „Барби“ Цинцева.
Неосогласувањето на двете фолкерки или поточно лут ината на Сани јавно осамна на еден од нејзините профили во прашална форма:
„Само да прашам… Сања Барби Цинцева дали си ги изми забите пред да го спомнува моето име јавно? Ако не, да и купам четка и паста!“ – напиша Сани.
Таа ја прозива својата струмичка фолк колешка, која во продолжението на дискусијата со познатиот ТВ продуцент Ване Петковски ја нарече: „…Една што е се’ во животот освен пејачка“!
Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барбика минатата година подолг период престојуваше во Швајцарија.
Причина за тоа, како што тврдат многумина, е нејзиниот богат дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци.
Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед, пишуваше Вечер.
Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.
По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив.
Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации. “Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рекла Сања за Вечер.
Но, каде што има чад има и оган, а фолкерката на Фејбук покажа како ужива во оваа земја. Имено, таа објави како пе кафенце покрај река во Луцерн.
– Воопшто не е лесно, да беше сите ќе беа пејачки. Според мене една пејачка покрај природниот талент за пеење мора да поседува и харизма,
убаво да изгледа, да е позитивна и енергична, да знае како да се однесува и поставува со луѓе и најважно да има свое јас и да се почитува и цени самата.
Дефинитивно воопшто не е лесно посебно кај нас. Мојот пат стварно бил долг со многу препреки, сопки итн. Но, јас сум секогаш борец и секогаш ја постигнувам целта што ја зацртувам.
– Да јас сум активна нели тоа е дел од нашата секојдневност, јас како јавна личност морам да сум во тренд со сите новитети и трендови, така максимално ги искористувам и социалните мрежи.
Мене воопшто не ме промениле јас сум секогаш истата, тоа можат да го потврдат луѓето околу мене. Покрај сите активности и ангажмани јас секогаш наоѓам време и за семејството и за пријателите и за мене лично.
Како и секогаш јас сум во тек со сите најнови трендови дури и на светско ниво. Анализирајќи што е она што недостига на нашата Балканска естрада се решив на овој чекор. Сакав да внесам свежина, да разбијам монотонија и свесна бев дека ќе имаме нешто уникатно и оргинално.
Во исто време знаев дека кај дел од слушателите ќе наидеме на хејтање затоа што не се навикнати на нешто ново, но морав да го скршам мразот и еден ден да се гордеам дека јас и Џамбо бевме тие кои воведоа нови стандарди.
Затоа и многу не сум загрижена за хејтерите, тие само ми даваат дополнителна мотивација и креативност“, иззјави за Вечер прес Сања во една прилика.
Сања сега си ужива во Африка, поточно во Занзибар, и објави слики од оваа егзотична дестинација на плажа, како си го живее животот со полни гра-ди.
А всушност, Сани на ова место си го прославила својот роденден, а кој ја однел таму, и или поточно со кого одамара, таа не открила.