Овој наш новинар успеа да ѝ се доближи на Лепа Брена, покажа како изгледа вистински од блиску (ВИДЕО)

0

Непосредна, позитивна, пријатна… ете така со три збора би можела да се опише Лепа Брена и по којзнае кој пат да се потврди она – колку е некој поголема ѕвезда толку е понормална личност…

Ова го напиша Вистина.мк во една прилика за познатата Ју ѕвеза, а Брена отворено зборуваше на многу теми во ова интервју и изјави:

Охрид е место со специфичен сензибилитет. Охридската пастрмка е нешто на што тешко можам да му одолеам.

Го сакам македонското гостопримство и кога пред неколку години бевме на финалето на Sвездите на Гранд уживавме во сите деликатеси на ова поднебје, но и во природното гостопримство.

И секогаш со задоволство се враќам секаде каде што луѓето ме сакаат, а фала му на Бога такви места ширум светот има навистина многу.

Моите животни начела не се сменија иако се сменија околностите. Никогаш не сум дозволила славата да ме понесе. Ниту да се загубам од целото она одобрување и уважување кое го доживеав.

Факт е дека си ги остварив своите соништа од детството и дека сум многу горда на тоа. Никогаш не се враќам наназад, ниту размислувам што би било кога би било.

Немам време за тоа. Мојот поглед е или во сегашноста или во иднината“, рекла Брена, а потоа зборувала за она што е нејзин најголем успех:

Мојот однос кон работата би ме одвел, во тоа сум сто насто сигурна, на добра позиција без оглед на професијата. Но човек се раѓа за некоја професија и ја следи својата интуиција. И стигнува до целта.

Најголем успех во животот на секоја позната личност е да остане цврсто на своите нозе на земја. Затоа што здравиот разум е единствената долгорочна инвестиција, кога ќе го согледате животот во целина.

Кога ќе останете нормални вие умеете да бидете успешни и на работа, и добра мајка, и сопруга. За се е потребна многу голема дисциплина.

Треба да се воздржите од калорични залци, и редовно да се вежба, и да се спие по десет часа, и да се плива, и да се оди во теретана… Се си бара дисциплина.

Мојот секојдневен живот е едноставен и мошне прецизно дефиниран. Се знае кога се состаноци, кога проби, кога се снимаат емисии, едиторијали…

Така што нема потреба за претерана врева околу сето тоа. Мојата рајдер листа секој пат е одраз на она што навистина во тој момент ми треба, а не одраз на ѕвездениот момент“, изјавила за Вистина Брена.

-Само посветена работа ве води во нови бизнис сфери и унапредување на работењето. Никогаш не сум се задоволувала со тоа да бидам само естрадна личност.

Лепа Брена прерасна во сериозен бренд исклучиво затоа што од самиот старт имаше визија што е инвестирање во работата“, додала пејачката.

Познатиот македонски новинар Алексанрад Наков успеал да и се доближи на Лепа Брена и објавил видео како пее и како изгледа Брена.

Тој заминал на нејзин настап на Копаоник во Србија и jа фатил Брена вo вистинско издание, без филтери, а Брена како и секогаш била елегантна и убаво облечена.

Претходна статијаСе огласи скопскиот манекен Мио „Академија“, и потсети на едни убави времиња
Следна статијаСања Барбика замина во Африка- еве каде ужива нашата згодна фолк пејачка и зошто слави