Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е бо рец, и дека работи од својата 16-та година.
„Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката на 22 годишната ќерка која е 30 години на естрадата.
Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.
-Да, има попусти на одредени работим, но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.
Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.
Овој период сум насочена кон работата и не размислувам толку многу за љубов бидејки мојата среќа и мојот систем на живеење не зависи од некој маж.
Самостална сум, приземјена, и тешко дека некој ќе ме прелаже сега хаха…Ако се случи тоа ќе бидам во шок хаха. Нејзината ќерка Тамара студира мулти медија.
-Тоа ја влече. Ја советувам како мајка да се изгради како личност, да се бори за работата што ја сака, да верува во своите соништа“, вели Ирена за Тамара, својата најголема гордост.
Снеже Велков во својата нова емисија „Нешто конретно“ во која беше гостинка и Ирена Спировска, ја праша дали верува дека сите имаме некоја своја половина во животот, и што е со оние кои не ја бараат, туку чекаат самата да си дојде.
-Па добро, јас не сум баш активна на тоа поле. И само за љубовта, би сакала да кажам дека овој пат ќе почекам. Ако треба да дојде, ќе дојде. Ако се појави некој што мисли дека може да ме освои, нека повели.
И нормално ние сме тие- жените кои имаме доста додворувачи, но ако сметам дека е тој вистинскиот, секако дека ќе му дадам знак. Па да, не сум баш многу активна на тоа поле, морам да кажам.
-А, она другото што вели- пушти го едниот да си отиде, а ако бил за тебе ќе се врати. Ти го пушти тој едниот да си отиде, рече Снеже и тука најверојатно мислела на Орце Гелевски.
А Ирена на ова одговори: Па, јас обично тој едниот што го пуштам, не сакам ни да ми се врати. Значи, не чекам. Ако бил мој немало ни да го пуштам. Затоа го пуштам, и нека си го најде некој друг.
Ако е нешто вредно, ќе го задржам за себе, ако не е, го пуштам и нека оди“, одговори Ирена Спасовска во емисијата со Снеже Велков, „Нешто конкретно“.
Ирена како личност со долгогодишно искуство во љубовта и врските, во емисијата Нешто Конкретно даде свој став за машко-женските односи.
– Кога се заљубуваме стануваме не разумни бидејќи кога е човек не разумен прави работи кои вообичаено не би ги правел. Се гледа низ розови наочари, партнерот му делува многу привлечно и не може ни една секунда да издржи без да помисли на него.
– Жените и мажите сакаат на ист начин, но имам чувство дека маж кога ќе засака жена срцето е пуштено на најјако, а разумот е на оф.
Мажите повеќе патат за жена, а жените можат полесно да се носат со изгубена невозвратена лубов, ние жените мегу себе си даваме одредена пс ихотерапија, ќе се изнакажеме, а мажот како мачо-мен нема на кого да плаче, апсорбираат во себе.
Но, маж кога ќе засака тој е спремен се да направи, додека ние жените си имаме резерва. Мажот кога ќе излезе од тој круг на заљубеност сака жената да биде и домаќинка, ама и ние жените си бараме.
Кога е човек заљубен тогаш сите недостатоци ни се симпатични, но кога ќе помине тоа одредено сле пило излегуваат на површина сите недостатоци кои не можеме да ги прифатиме и почнуваме да го менуваме партнерот, вели Спасовска.
Ирена на својот Инстаграм профил промовираше козметичка процедура за пеглање на брчките и кислородна поддршка на лицето. Меѓутоа, кога Ирена се сликаше на фотографијата се гледаше нејзината тетоважа која ја има ставено на предниот дел од рамото.
Ова е најуникатното нешто на нејзиното тело, а местото кое го одбрала фолкерката е многу привлечно за мажите.