Сношти се одржа „Златна Бубамаара на популатноста“ под мотото Да наполниме батерии во скапа тарифа“, а ова шоу го имаше своето 26-тото издание.
Домаќините на настанот Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои до лани ги гледавме во улога на заменски, технички водители сега беа главни“, објави 24info.mk
На манифестацијата им беше оддадена почит на врвниот инструменталист и композитор Милан Завков, комичарката Мара Попара, односно актерката Катерина Крстева, и актерот Марин Бабиќ кои се упкоија во изминатата година.
Годинешната Златна Буба Мара на популарноста беше најмакедонското нејзино издание досега, со потенцирање и воспевање на сѐ што е важно за зачувување на македонскиот идентитет.
Сето тоа кулминираше со фантастичниот музичко-поетски перформанс на Андријана Јаневска и Игор Џамбазов.
Андријана ја испеа вечната „Ми запла кало селото Вашата“, а Џамбазов на свој прекрасен начин ги рецитираше стиховите од песната „Цветови“, дело на Славко Јаневски“, објави Женски магазин.
Ова е статус на Статус на Искра Јанковска- Михајловска кој го пренесуваме во целост, а се однесува токму на Златна бубамара на популарноста.
– Синоќа супер беше на Zlatna Bubamara Na Popularnosta!. Оваа година Оскарите беа полоши од Бубамара.
Гледам од сабајле исмевање со Златна Буамара, досетки 1000. Ќе смееме да критикуваме и да се исмеваме кога ќе има со што да споредуваме.
Ranko Petrovik е единствен што се уште истрајува во она што го прави. 26 години во овие времиња да одржиш континуитет е за секоја почит.
Кога некоја компанија ќе слави 25 години работа сите и плескаат, а не знаеме какви се зделки имала дали биле по нашите критериуми.
Ако не е Ранко и Златна Бубамара во земјава нема да има кој да се сети на Блага Петреска и на Ефто Пупиновски, нема да има кој да ги спомне безвремените текстови на Барбаровци.
На Ранко му текна да и оддаде почит на една Вања Лазарова додека уште беше жива и да и даде шанса да пее повторно. И секоја година има по некој лик од македонските уметници кои ја заслужуваат Бубамарата но залужуваат и други признанија ама ги нема.
Државата ни ком-емор-ации веќе не им прави на овие луѓе, камо ли чест додека се живи. На Македонија е се потребни вакви настани и ниту еден организатор не издржа.
Ако не е Златна Бубабмара нема да има каде да облече фустани нашата естрада и да се качи на сцена.
Фестивалите или замреа или се исполитизирани.
Синоќа Блага Петреска како права Дива дотерана среќна со своите години испеа во живо заедно со Ефто Пупиноски хитови од Валнадово од пред 100 години. И тоа е Македонија.
Кога ќе може да се каже Златна Бубамара беше полоша од ХХХХХ тогаш ќе смееме да критикуваме. До тогаш секоја чест Ранко Петровиќ“.