По ова нешто е уникатна ќерката на Наум и на Зуица- ова е приказната на убавата Македонка (ФОТО)

0

Нашиот познат фолк- пејач Наум Петрески учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите еден од нив е помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околијата.

Зад него се паметат три солистички концерти првиот во 1992 година, вториот во 2001 и третиот во 2011год. на кои учествуваале врвни имиња од Македонија и Србија.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно . Сепак, фестивалите како што ни рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум во едно интервју за Публицитет.мк.

Не заборавам добрина никому, а лошото брзо ми поминува не го ни памтам. Не случајно е речено, животот ги пишува романите.

Најголем дел околу седумдесет проценти од моите песни се инспирирани од мојот живот“, изјави Наум во истото интервју.

Тој е сопруг на Зуица Лазова, и е татко на четири деца три ќерки и еден син, Анастасија, Сања, Македонка и Стефан.

Наум како горд стужанец правеше промоција за своите блиски пријатели и соработници на свој терен, во Радожда во летото во 2021 година.

Поводот беше новата песна која се вика Гнездо, а автор е Даме Коларовски.

На промоцијата дојдоа многу пријатели на Наум, меѓу нив и Андреј од ДНК со сопругата, а една од сликите што ги сподели на Инстаграм злато вреди, затоа што Наум е со своите најмили, Зуица и децата: Македонка и Стефан.

Пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, по 16 години заднички живот и две деца, тајно склопиле граѓански брак, а потоа и се венчале, ексклузивно дозна ММС на крајот од минатата година

Ова се случило пред девет месеци, но Зуица и Наум не сакале јавноста да знае, а тоа им го кажале и на најблиските, кои биле гости на двете брачни церемонии, во матично и во црква.

Извори на ММС, а блиски на Наум и Зуица, ни раскажаа дека тие најпрво склучиле граѓански брак во Скопје, но десетина дена подоцна се венчале во Охрид, поточно во Свети Наум, а ги венчал отец Нектариј.

Потоа, како што е редот, имало и мала забава во ресторан каде што се сечела торта. Инаку, Наум и Зуица имаат дев деца, Стефан кој е деветто оддление и Македонка која има 20 години и е студент.

Зуица Лазова е сестрана жена, на која уметноста ѝ е во крв, и се занимава со работата која многу ја сака.

Таа важи за дама која најчесто негува одмерен дамски и елегантен изглед, а со тоа е една од ретките наши фолкерки кои не играат на картата на провокација, барем досега.

Зуица долги години е на естрадата, а времињата се променија, конкуренцијата е силна, а нагласената убавина на сцената стана задолжителна, објави во една прилика Вистина.

Зуица најчесто ја гледаме на фолк фестивалите, каде секогаш има беспрекорна дизајнерска комбинација, односно елегантна визуелна модна слика која речиси секогаш е нејзиниот сценски избор.

Дури и кога се појавуваше во улога на водителка, таа избираше дамски фустани кои повеќе се романтични и елегантни.

Зуица на ТВ Сител рече дека хармониката не е само машки инструмент и се гордее дека изучила многу генерации, а таа го предава овој инструмент.

А инаку, ќерката на Наум и на Зуица, Македонка е уникатна млада дама. Имено, на нејзиниот Фејсбук профил можат да се забележат доста нејзини убави фотографии.

Имено, Македонка е посебна по тоа што таа се занинава со класична музика, тоест е студентка по соло пеење, а нејзин професор е Весна Ѓиновска- Илкова.

Има една слика од Македонка од нејзин настап каде што е во долг црвен фустан и изгледа прекрасно, а Зуица и Наум имаат кажано повеќе пати дека се гордеат со својата ќерка.

Претходна статијаЕптен елегантни и дотерани- Татјана и Михаил објавија уникатна фотка
Следна статијаИван од Либеро ги стресе обожавателите: Ако некој ме праша, што e таа за мене, ќе речам ништо (ВИДЕО)