Михаил Китановски кој е по професија бизнис консултант, на неговиот Фејсбук профил тој често објавува слики заедничките патувања и викенди со Татјана Стојановска.
Познато е дека долги години се заедно Татјана и Михаил, тој во една пеилика објави слика од семејна вечера на која е и Тања. Татјана Стојановска е една од најубавите жени во јавноста кај нас.
ТВ презентерката е позната по тоа што секогаш зборува на правилен македонски јазик. Во една прилика таа раскажа детали за Михаил.
-Се запознавме на одмор во Турција 2012, каде бевме со децата и таа пријателска дружба премина во врска, а по една година продолжи и како заедничко живеење.
Секако поради одредени околности, прилагодувања, не дојде до официјализирање на врската, но заедничкото живеење без формализирање е неформален брак секаде во светот, нели?
На што нас не поврза е искрениот однос, заедничките интереси во животот, семејните вредности, грижата за децата.
Секако кај него ме плени и комуникативноста, смислата за хумор, а пред сѐ интелектот, приземјеноста во сѐ. Со еден збор човечноста и емпатијата за секого, секому да се помогне.
Грижата еден за друг, поддршката, љубовта и негувањето на сето тоа е она што не спојува“, рече Татјана во Женски магазин.
-Без наслов, но со повод. Merlot 1992, е описот под фотографијата која ја објави Китановски, а според личностите кои ги означил станува збор за неговото семејство, од кое сега е дел и Татјана.
Еден од коментарите под сликата е токму за семејните вредности и вели:
-Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта,ова значи да бидете таму кога сте потребни најмногу, ова значи да се грижите еден за друг,ова значи да се сакате едни со други дури и во оние денови кога не можете да се поднесете,ова значи никогаш да не се откажете едни од други“.
– Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.
Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно.
Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…
Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…
Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.
Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите околу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:
Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана во една прилика. Презентерката никогаш досега не била толку отворена за својот приватен живот.
Татјана на својот Инстаграм профил објавила слика со Михаил Китановски, нејзиниот партнер, а на неа се двајцата ептен среќни и насмеани.
Освен што така добро изгледаат и се среќни, тие се ептен дотерани, а сликани се на бизнис настан и изгледаат навистина како да се од модна писта излезени.
View this post on Instagram