Сузана Гавазова, во една прилика, во интервју за Точка, зборуваше за тоа како станала популарна и кога за првпат се почувствувала дека е популарна откако почна да снима песни и да пее на музичките фестивали.
„Најпопуларна се почувствував во 1998 година кога заедно со групата „Пицикато“ настапивме првпат на „ФОЛК ФЕСТ“ Валандово и веќе во Струмица сите ме знаеа, но како Сузана Пицикато.
На фолк сцената не ми се допаѓа тоа кога се отвори телевизијата БУМ, се пуштаа пејачи кои не ја работат таа работа како што треба, не ставаа во ист „кош“ со недокажани музички имиња.
Порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.
Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат…
Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна“, рече Сузана, а потоа ја прашаа: Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?
– Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна.
Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови.
Од мојата музика би ја издвоила „Свадба весела“, песна која ми донесе голема популарност, исто така „Докторе“, „Лудо лето“……“, одговори Гавазова на ова прашање и потоа раскажа приказна за голем бакшиш што го добила:
Па добро, имало бакшиш многу, но тоа не се однесува само за мене, туку за целата група и кога ќе се подели – пак е малку.
Па ајде да кажеме, ако ме прашувате за најголем бакшиш би го посочила настапот во 1999 година со групата „Пицикато“, а имавме гости од Турција кои не почестија со 2500 германски марки.
И во Австралија можам да се пофалам со добри бакшиши“, рече Сузана која неодамна настапи во Шведска и често настапува за нашинците во дијаспората кои многу ја сакаат, ја слушаат, и ја канат да пее во повеќе земји.
– Најранлива сум последниве години, ми недостасува многу љубов, бидејќи немам човек кој би ме чувал, стои заштитнички покрај мене, а најопасна бев кога имав 25 години.
Тогаш мислев дека светот е мој, а сега во 33 година се чувствувам по ранлива. Избегнувам случки кои може да ме повредат“.
Сузана зборуваше што е природно, а шо не е на неа. „Ах сите знаат дури од порано. Најголем адут ми е задникот, па се трудам да го одржувам како и целата линија, па комплиментите најмногу се однесуваат на тоа.
Силикони немам на гра ди, и не сум подготвена се уште, мислам дека за тоа човек треба да има храброст. Имам само силикони н уста, пред 3-4 години. Другото се е природно на мене“.
Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. „Јасмин е човекот кој го барав цел живот.
Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено“.
Кога Јасмин просслави роденден, Сузана емотивно ја рсакажа целата нивна љубпвна прикана на Фејсбук во само неколку реченици и до слики кои ги објави со својот сопруг, таа кажа зошто е најсреќната жена на овој свет.
– На овој прекрасен прв пролетен ден се роди мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца.
Личност која секогаш стоеше со мене до крајот и никогаш не се сомневаше во каква било одлука. Човек со храброст, ќовек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник.
Јас сум најсреќната сопруга на светот! Те сакам и среќен роденден, да си жив и здрав“, напиша Гавазова на Фејсбук за својот сопруг Јасмин.
Пред неколку години сите медиуми пишуваа за еден неверојатен мост што се претвора во тунел ги поврзува главниот град на Данска, Копенхаген и шведскиот град Малме.
Ова здание се вика Оресунд и е дело на данскиот архитект Џорџ Ротне и бил пуштен во употреба на 1 јули 2000 година.
Мостот се протега 8 километри пред да се трансформира во вештачки остров и тунел долг 4 километри.
Ова здание е интересно како архитектонско дело и од биолошка гледна точка, зошто на островот живеат 500 различни видови растенија, кој е направен од материјал добиен од дното на морето, објави МКД.мк
Токму ова „чудо“, го попкажал Јасмин Курузовиќ, сопругот на Сузана Гавазова на својот Инстаграм профил.
Јасмин го сликал ова место од авион и напишал: Автопат од Шведска до Данска. Тој често патува во Шведска каде што порано живееше, а и сега често патува поради својата работа.