-Кај спротивниот пол, значи многу ми е битно како седи, како се понаша со мене, бидејќи јас стварно си имам барања и очекувања, така сум воспитана од домашните.
Со маж седам втор пат, ако знам дека кога ќе ми е празна чашата, ќе ми ја наполни“; рече нашата позната инфлуенсрека Агнеса Органџиева, во едно гостување во „Бексетјџ“.
Таа е мајка на две ќерки, и стана повеќе актуелна во јавноста, откако по 18 години брак се раздели од Робет Орданоски, поранешниот директор на АЕК.
-Во Скопје ги има, треба да се најдат мислам дека се кријат, а мислам дека самата жена треба да го поттикне спротивниот пол да биде џентлмен.
Очекувам маж да ми отвори врата од кола значи, тоа вистина го сакам, второ, врата кога ќе ми отвори, кога ќе ми дозволи прва да влезам во ресторан.
И да ми отстапи место, и да ми каже дури он каде јас ќе седам, и да ми намести столица“, рече Агнеса и додаде дека само кога е со другарките користи мобилен телефон кога е излезена, а на официјални излегувања не.
Инаку, Агнеса е дипломиран правник, вработена во Акционерското друштво за стопанисување од значење за Републиката.
– Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.
Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.
Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин“, рекла Агнеса во Женски магазин.
За своето негување и убавина, таа во истиот медиум исто така изјавила:
Парфемот за мене е од големо значење, тој е најинтензивниот дел кој мора да асоцира на љубов. Парфемот мора да дава допир на елеганција, детал кој суптилно го привлекува вашиот изглед.
Тој невидлив додаток го пополнува крајниот завршеток на вашата појава. Затоа дами, мажите никогаш нема да се сетат на вашата чанта, ама затоа ќе го паметат вашиот парфем . Елеганцијата без парфем не е возможна.“
На прашањето, дали прифаќа понуди за вечера од мажи, таа рече: Сега во овој момент, можам само со другар јавно да искочам на вечера, а со дрга особа секако не. Тоа би било надвор од Скопје, рече Агнеса за „Бекстејџ“.
Агнеса во една прилика објави слики на социјалните мрежи, од кои запира здивот.
„Името на девојката која ми го украде срцето започнува со буквата… A… испишана со рози…
Направете го нејзиниот ден посебен… денес или на Денот на љубовта и виното… со повод или без… подарете и грандиозен букет, цветен аранжман во форма на срце или со првата буква од нејзиното име…
Каков мирис има љубовта? – На рози“, напиша Агнеса Органџиева над фотографиите.
Новинарот Зоки Фаци (Зоран Василевски), објавил слика со Агнеса, на која таа има доста оригинален стајлинг, бисери на горниот дел од фустанот.
Се гледа дека агнес аима доста ослабено, и дека ужива во друштво на Зоки Фаци кој е нејзин пријател и често се дружат.