За популарната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.
Сузе постојано покажува и докажува колку е среќна, преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.
Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака. Таа на вистински начин знае да донесе македонска народна песна со нејзината интерпретација, но и да испее авторска песна.
Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена и сопруга на Јасмин Курузовиќ кој секако е нејзина голема поддршка.
Таа често објавува фотографии од неа и од сопругот, а на една на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна.
До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: ,,Заедно сме посилни!”, а тоа во многу наврати се покажало како точно во нивниот случај.
Јасмин во една прилика сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.
Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.
Гавазова не престанува да изненадува со својот изглед. Поубава и поубава од ден за ден, а нејзината топ форма е нешто што многу жени го посакуваат.
Таа често знае да стави слика и да покаже како се дотерала пред настапите. Но, некогаш навистина знае да изненади, а тоа го направи во една прилика кога на своето Инстаграм стори објави фотографија од бикини.
Стегнат стомак, вита става и слаби нозе е се’ она што покажува дека Гавазова изгледа предобро за своите години.
Сузе држи и глас и стас и во неколку наврати има покажано дека е квалитетна пејачка, поради тоа што ги полни секогаш настапите во и надвор од Македонија.
– Јас сум по потекло од Егејска Македонија, поточно од село Едзилари, Кукуш, и најверојатно ме влечат корените натаму.
Дојран е близу Кукуш и има Медитеранска клима што многу ни одговара и преубаво се чувствуваме таму, ни се допаѓа и храната, а и луѓето се многу пријатни и топли.
Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.
Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек, рекла Сузе за Јасмин.
Тој е инаку од Босна и Херцеговина по потекло, а има живеено во Шведска, каде што и Сузе заедно со него живееше на почетокот од бракот.
Гавазова сега објави слики со својот сопруг Јасмин, како ужива во убав град, а тоа е Брисел во Белгија. Потоа на стори на Инста шерна нелколку снимки, како со Јасмин уживаат низ романтичните прошетки.
Но, потоа покажала и дека ова патување во искористила и за песна- тоест настапила во Белгија, и направила топ атмосфера како и секокогаш.