Мими од „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане мајка- успешно ја криеше бременоста, а сега објави детали

0

Знаеме дека младата пејачка Мими Јовановска од Велес го фрли жирито на „Звезде гранда“ во Белград во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат.

Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”.

Мими вели дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.

Новата ѕевзда на „Звезде гранда“, вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот.

„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.

– Тие ми се голема поддршка, сакам да се искрени со мене, што и да има лошо да ми кажат“, рече Мими за пријателите. Потоа за Мими зборуваше нејзината пријателка Марија.

– Покрај толкава гламурозна сцена, Мими си е истата останата. Искрено, со толкава поддршка од близките Мими е стасана каде што е.

Во слободно време заедно ги читаме пораките од обожавателите и а одговараме“, изјави другарка на Мими за неа.

Спомена дека мајка ѝ ја пријавила на „Звезде Гранда“, а таа не ни знаела и се изненадила кога ѝ се јавиле, но сепак знаела дека мајка ѝ стои зад ова. Мими рече дека ѝ драго што ја препознаваат на улица и сакаат да се сликаат со неа.

-Секој треба да го даде тоа што го има. Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разг олување“, изјави во една прилика за ММС Мими Јовановска, пејачката од Велес која сепрослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“.

-Сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината“, има кажано Мими за Ммс.мк

Убавата Мими се вери сио свиојот сакан Филип Нуне од групата „Браќата Нуне“, во август во 2021 година. Убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот избраник, Филип.

Во јули минатата година, Мими и Филип го кажаа судбоносното ДА и ја направија својата свадбена веселба. Иако невестата потекнува од Велес, по невеста се одело во Скопје, од заедничкиот стан во кој Мими и Филип веќе живеат, од каде тргна и целата церемонија…

А како поинаку ако не со музика и свирачи!“, објави Вистина. Заклетва пред Бога на вечна љубов младите дале во црквата Св. Димитрија лоцирана преку Камениот мост, на влезот во Старата скопска чаршија.

Свадбената веселба во еден од напознатите и најатрактивни скопски локали во центарот на градот, каде најблиските, роднините и пријателите на младите и нивните семејства ја прославија венчавката.

Мими и Филип за првиот танц од нивната свадба одлучиле да создадат своја песна. Сопствена музика, стихови, аранжман, па песната самите ја отпеала Мими, ја снимиле и…

Се случило да биде премиера на нивната свадба. Изведена во живо, отпеана и отсвирена од нив двајцата за првиот свадбен танц.

Мими на социјалните мрежи објави убава вест, дека таа и Нуне наскоро ќе станат родители.

– Најблиску сме до магија, повеќе од било кога- претворајќи ги љубовните пеперутки во мало човечко зрно!“, напиша Мими на Фејсбук и објави своја слика со Нуне, со трудничкото стомаче.

Мими Нуне ѕвездата на „Гранд“ е бремена и го чека своето прво дете“, објави Репортер кој ја контакрирал Мими по објавувањето на убава вест.

Таа е веќе во седмиот месец од бременоста и ситно брои до породувањето. Мими откри дека со сопругот Филип Нуневски чекаат син и дека е многу возбудена за раѓањето на своето прво дете.

„ Од кога дознав до овој момент поминаа 30 недели и ја носам радоста наша. Му благодариме на Бога сите овие недели поминаа во најдобар ред и ни остана уште малку време до запознавањето со нашиот син.

Работно бев активна на сцена до пред една недела. Сега доаѓа период каде што ќе одморам малку и ќе соберам сила за новиот начин на живот што следи“, открива Мими Нуне во разговор за „Репортер“ .

Претходна статијаИгор Џамбазов искрено им се обрати на жените политичарки и кажа што мисли за нив
Следна статијаВесна Петрушевска која прослави роденден, раскажа кој го избркал мажот кој ѝ се допаѓал и зошто веќе не ѝ се јавил