Миланка Рашиќ искрено прозборе за својата љубов- Тој е мојот зрак сонце

0

Миланка Рашиќ е повеќе од две децении познато ТВ лице“, бкави во една прилика Женски магазин. Таа на својот Фејсбук профил објавила важна вест поврзана со Оскарите.

– Спремни за недела вечер? МТВ1: 21.30 “Во кадар” за номинираните филмови 22.25 “Милионер од гетото” – 8 Оскари, меѓу кои и за филм, режија, камера, музика.

00.20 Ноќ на Оскарите 00.30 Црвена патека 02.00 95-то доделување Оскари“, рекла Миланка која и годинава ќе ги коментие=ра оскарите.

Кариерата ја започна како водителка на бројни емисии за танц, филм и музика на МТВ, а беше дел и од фестивалските сцени на „Макфест“, „Скопски фестивал“, „Интерфест“, „Браќа Манаки“, „МАРС“, „Езерски бисери“, „КС Денс“.

Коментатор е на најголемите ТВ настани: доделување на Оскари, Греми, Евровизија, Европските филмски награди, Сан Ремо, Мис на светот.

Таа е една од првите која правеше интервјуа со ѕвезди како Хулио Иглесијас, Синди Крафорд и Џони Логан. Беше судија во првата сезона на „Танц со ѕвездите“.

Во 2004 година, ја отвори агенцијата за Тв дистрибуција и производство „Миракс“ и соработува со речиси сите домашни телевизии.

Јавноста често ја коментира појавата на Миланка како секогаш иста. Младешкиот изглед и дух, таа вели дека ги негува со здрав живот, а и помага и генетиката од нејзините родители.

Долги години од кариерата во МТВ, бевме неколкумина водители и презентери многу често пред камерите. Еве ќе ги издвојам презентерите на вести, Александар Деловски и Борче Николовски.

Радиофоничен глас, совршена дикција, професионално однесување, почитување на публиката, на сето ова ме асоцираат нивните имиња.

Имаше систем на вредности, се знаеше кој може, а кој не може да е пред камера. За мене е единствено прифатливо да се работи на тој начин.

И сега има професионалци во повеќе телевизии, но, поретки се. Систем на вредности скоро и да нема.

Не можам да разберам зошто се на телевизија некои луѓе кои зборуваат на скопски или друг дијалект, не внимаваат на јазикот, неразбирливо зборуваат, немаат речник и не умеат да се изразат, луѓе кои не ги почитуваат гледачите, не се подготвуваат за разговор со гостите или им фали половина азбука.

Моќта на телевизијата е огромна, а со тоа и одговорноста на сите ТВ лица. Искрено, многу ми значи кога ќе ми кажат дека сум им била пример.

Снеже Велков е една од првите водителки која јавно кажа дека гледајќи ме на телевизија посакала да се занимава со оваа професија. Ми го наполни срцето со радост! “, рекла Миланка.

Пред некоја година, за време на преносот ми снема сигнал на мониторот во студио. Тоа значи дека немаше слика, туку само тон од преносот од Оскарите.

Јас продолжив да коментирам и не спомнав ништо пред гледачите.

Мавтав, се трудев да ме забележат во режија, ама тие загледани во преносот, плус си гледаат кога е време за рекламен блок за да го подготват и никој не ме забележува мене како мавтам.

Така коментирав неколку минути кои ми изгледаа како вечност“, раскажала Миланка.

Потоа Миланка добила едно прашање за приватниот живот:Јавноста малку знае за твојот интимен живот, имаш ли партнер со кој ги делиш убавите нешта?

-Имам. Поголема е среќата кога се дели со некој што те сака. Кога ми е денот полн со облаци, тој е мојот зрак сонце. Само што мојот приватен живот си останува приватен.

Нема потреба од милион слики по социјалните мрежи“; изјавила Миланка Рашиќ во ова интервју.

Претходна статијаЗа ова недолично однесување на Милена Дравиќ дозна целиот свет, еве како ѝ се „пуштила“ на една Американка
Следна статијаСнеже Велков ептен искрена за сопругот: Кога ќе паднам ТОЈ да каже- Еве ти раката, фаќај ја и стануј!