Голема промена кај актерот Висар Вишка, пријателите не можат да се препознаат (ФОТО)

0

Во август минатата година, Актерот Висар Вишка по вторпат стана татко. Тој објави фотографија од партнерката и новородената ќерка Хана, со зборовите дека тоа се девојките на неговиот живот.

Хана се родила во Белград, а кога е приватниот живот во прашање, Висар секогаш се трудел да ја чува интимата подалеку од очите на јавноста.

Така, за неговата партнерка, од која има објавено неколку фотографии во минатото, јавноста не знае речиси ништо. Подоцна, Вишка објави дека таа се вика Мерима Тутиќ.

Вишка има син од претходниот брак соновинарката Елена Митеа, пзоната како поранешна водителка Утринска на Телма, кога сега работи во Владата.

Не знам, сѐ уште барам кој е точно Висар Вишка и не знам дали воопшто некогаш ќе стигнам да се опишам во четири, пет збора.

Во разни периоди од животот, различни ни се приоритетите и на различни начини можеме да се опишеме и да го кажеме она кон што се стремиме.

Во моментов, можам само формално да се опишам како Висар Вишка – актер, татко на едно прекрасно момче Дион кое во моментов ми е најважно и сакам да бидам што подобар за него“, рекол Вишка во едно интерју за Фешнел, пред да ја има и ќерката.

– Многу е полесно да се снајдеш во таква машинерија каде што секој ја работи беспрекорно својата работа и не се занимава или изигрува експерт за туѓата работа.

Не ми е првпат да работам во голем проект, имам веќе неколку големи проекти како овој и уште од првиот пат беше уживање. Најтешкото на снимање за еден актер е чекањето.

Може да те разбудат во четири наутро, брзо да ти ја подготват шминката и костимите и сѐ друго и да чекаш шест часа за да ги снимиш тие десет секунди кои се многу важни.

И замислете која енергија и концентрација е да бидеш сите тие часови подготвен и на „штрек“ дека ете, сега ќе те викнат. И нема време, мораш веднаш.

Секогаш се потсетувам на една српска актерка на која кога и се извиниле зашто чекала премногу на сет, им рекла „Душо мене за ово чекање плачају, а снимање, глуму радим за своје задовољство“.

Тука е разликата што во големите или поточно искусните продукции, чекањето е сведено на минимум и се работи како швајцарски часовник.

Така да многу лесно можеш да испланираш ритам или ритуал или кога ќе почнеш со внатрешната трансформација.

Само одговорноста е и многу поголема во вакви големи проекти, но кога најодговорно влегуваш и во најмалите проекти, тогаш си подготвен и за големите“., рекол Вишка за својата работа

А инаку, Висар сега често споделува интересни видеа и слики од својата ќеркичка и се гледа дека ужива во семејните мигови.

Она што ги изненади неговите пријатели и доста се зачудија, но и го поддржаа за оваа негова одлука е промената на имиџот. На една слика, а и на видео потоа, тој се покажува како сосема нов човек.

Вишка вели: Мајка ми ме натера да го стпрам ова, па на правата слика, тој е со неговата брада по којашто беше познат, а на втората, тој е без брада.

Пријателите велат дека сега изгледа како нов човек, а Вишка во еден коментар вели:

Сега мојот телефон не ме препознава.

Претходна статијаНоне се врати во Македонија и го отвори срцео: Тие очи не се за тебе, само кој да им објасни?
Следна статијаМаја Панчева и Лидија Кочовска „парче прават“- еве зошто цела Македонија „полуде“ по нив (ВИДЕО)