Во 2019, Кристина Димитријевска од Тетово беше најфотогенична убавица на Мис Глоуб во Улцињ, а годината ја заврши како мис Балкан, на меѓународниот избор на убавина во Белград.
По навидум три години идиличен брак со поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски во кој се роди синот Давид. Семејниот живот го чуваа подалеку од камерите, а потоа се разведе, и повторно се врати триумфално на модните писти и во шоубизнисот.
За најтешката одлука во својот живот, за улогата како мајка, за пробивот на музичката сцена и што значи да си мис, Кристина откри во интервјуто за „Женски Магазин“.
-Мојот прв избор за мис беше на моите 15 години. Се сеќавам многу добро на тој избор, иако бев малечка. Се одржуваше во скопската дискотека „Колосеум“ која веќе не постои.
Тој момент кога слушнав Зимска Убавица за 2013 година е Кристина Димитриевска, нема да го заборавам никогаш.
Колку титули и да следеа после тоа, таа првата секогаш ќе биде посебна за мене, зашто тој момент го сонував како малечка.
Кога сме веќе кај изборите кои следеа, собрав доста титули. Би ја издвоила Новогодишна Балканска Убавица на само 17 години.
Искрено никогаш не ми било важно за наградите. Најголемата награда беше што го живеев својот сон.
Јас се подготвувам така што се посветувам на себеси повеќе од вообичаеното, одам на построг режим на исхрана и вежби. И гледам да не си ја трошам енергијата залудно.
Затоа што некои избори се напорни да се издржат. Со долги проби, на штикли по цели денови, неспиење.. Но, големата љубов кон оваа работа ми дава сила и мотивација.
– Јас сум амбициозна и полна со љубов. И таа љубов моментално е насочена кон моите најблиски и зацртаните цели. Сѐ започнува од самите нас, и љубовта и среќата и тагата.
Јас од мојот брак со Даниел го добив најубавото животно дело, а тоа е моето ангелче Давид. Се разведовме затоа што не сме биле еден за друг.. А јас се водам по тој мит, подобро добар развод, отколку лош брак.
Нашите релации се сведени само на бивши сопружници. Животот оди понатаму“, рекла Кристина во Женски Maгазин. Таа е сега една од најпопуларните на Инстаграм а таму е потпишана како Кристина Димитри.
Кристина во интервју за истиот портал зборуваше за тоа како ѝ поминува еден обичен ден и раскажа со кого ја поминува ноќта. Таа зборувала со насмевка, но со ова, познатата манекенка сака да назначи дека е повторно во врска.
-Денот ми започнува со гушкање со мојот син… Нашата мала утринска идила е нешто без кое не поминува утрото. Моето кафе го пијам заедно со син ми.
И тоа е мојата омилена дестинација за првото кафе (покрај него). Се разбира тој ми прави друштво, појадува „Чоколино“.
Мојот син е мојата главна мотивација, моето семејство и можеби уште една личност (се смее). Последното активирање во денот ми е теретаната после сите обврски… вечерта ја поминувам со моето семејство. А ноќта..? (се смее)“, изјавила Кристина.
Кристина најчесто е поврзувана со епитетот бившата на Кајмакоски, но вели дека не се срами од тоа, а сигурна дека со градењето на кариерата, со успесите кои ќе следат, тоа ќе се тргне.
„Ми смета тоа што кога сум донела некоја титула, некоја песна, медиумите секогаш сакаат да го поврзат него со мене, ама знам дека еден ден ќе се избрише тоа“, вели таа.
Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.
– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постигнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“, снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менаџмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.
„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина претходно во емисијата „Магазин“ на Сител.
„Не сакам синот да го експонирам ни да го покажувам, го бива и за глума и многу други работи и не ми смета ништо што е дел од моето минато, свесно сум го избрала тоа.
Не сум строг а мајка, се обидувам со разбирање да допрам до него, не може да очекуваш петгодишно дете да биде како 15 години, треба многу трпение и многу љубов“.
Кристина ретко ја покажува својата фамилија во јавноста, а особено го крие синчето Давид и кога и да објави слика со него, става некој стикер на неговото лице, за да не се гледа. Таа има изјавено дека не сака да го експонира и сака како негова мајка да го заштити.
Кристина во речиси секое интервју ги споменува своите родители, особено нејзината мајка и брат кои многу ѝ помагаат околу Давид. Таа за нејзината мајка вели дека е како втора мајка на Давид.
По повод празникот, 8 Март, Кристина ја покажа мајка си, со која се родени во ист ден. На фотографијата ѝ го честиташе празникот и ја опиша со зборовите:
„Мајка, баба, жена, кралица… Столбот на сите нас дома. Секој треба да има барем една особа како тебе во својот живот. А Давид не те дава за ништо на светот,“ напишала Кристина, а на фотографијата може да се забележи дека нашата пејачка многу си личи со својата мајка, како да се сестри.