Благица Павловска ја отвори душата- сфати што ѝ е најважно во животот и раскажа за тоа

0

Нашата позната фолк-пејачка Благица Павловска, себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со ст рав, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стре-лаат од некоја причина“, изјавила Благица во една прилика.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица е голем љубител на животни и помага секогаш кога може на бездомните животни, затоа што тоа ја прави среќна.

Периодот на пандемија, познатата пејачкаго помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката.

Во една прилика, медиумите, објави дека наскоро ќе биде објавена автобиографијата на познатата пејачка- Благица Павловска со наслов „Горка вистина“.

Тоа е книга за искуствата, тагата, среќата, успесите и падовите во животот на фолкерката Благица Павловска.

Освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, Благица најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката.

Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, и мажите во мојот живот, изјави Благица.

За жал, оваа книга се уште не ѝ е достапна на јавноста а поминаа повеќе години откако е најавена. А вака накратко изгледа љубовнииот живот на нашата фолки дива досега:

Според пишувањата на медиумите, Благица прво беше мажена за човек од Србија, а потоа за Саше, македонец кој живееше во Италија, и се венчаа на многу необично место, во зат вор додека тој ја издржуваше каз ната.

Како што пишуваат медиумите тогаш, Саше се вратил во Македонија и живеел со Благица, но таа откако дознала дека го изневерува, и нашла доказ за тоа- смс пораки од други жени, го оставила.

Потоа, таа пред пет години изјави дека конечно ѝ се погодил третиот маж, Тале, но и со него се раздели и му се посвети на својот духовен мир.

-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од ст раст кои немаат значење и не ти го полнат срцето.

По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам.

И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето.

Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушташе да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.

– Мажена сум, но не знам дали тоа така ќе остане засекогаш. Знаете како, сите сакаат да бидат со Благица, јас сум човек кој што на грб ги носи сите, но поради тоа што се им олеснувам, почнуваат да летаат во облаци и мислат дека јас секогаш ќе бидам тука за нив.

Ама не е така, одговор кој доволно покажува дека „коцките не се на број“ – изјави Благица за Бекстејџ во една прилика.

Сега, таа е сама, а нејзините обожаватели но и целата јавност се сигурно во искчекување на книгата во која Благица ќе ги каже сите детали од нејзиниот возбудлив живот.

-Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ. Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму.

Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех.

Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам“; изјави Благица во тој период и тогаш беше многу актуелна во медиумите.

Јас разговарам со Бог, може за некого е смешно, ама јас разговарам, а Бог ме слуша. И фала му на Господа, до сега ме заштитил од многу ситуации“, изјави Благица.

Таа во една прилика исто така изјави дека станот ѝ е светилиште, па може да се забележи дека во своето катче Благица има доста икони, а на една фотографија таа има споделено и молитва.

Благица сега сподели една мисла со која ја отвори својата душа, а во неа вели: Ја сакам тишината. Едноставно, научив да ги избегнувам „тешките“ луѓе.

Затоа што сфатив дека ништо не е поважно од живот во мир“, стои во цитатот кој го споделила Благица на на нејзиниот Фејсбук профил.

Претходна статијаДаниела Мартиновиќ повторно вљубена, а еве што кажа за врската со Петар Грашо
Следна статијаТажната судбина на Лепа Лукиќ, поради една случка животот не ѝ тргнал како што замислувала