Познатиот џез-пејач и пејач на евергрини Џон Илија Апелгрен на 22 јуни минатата година ја промовираше својата книга „Забранети луѓе“, инспирирана од животот на дел од џез и рок-музичарите во време на ков ид-пандемијата.
Во книгата се застапени портрети на 14 домашни музичари, чијашто главна егзистенција се ноќните свирки и настапите во живо во локали, кои беа забранети за време на мерките за заштита за време на пандемијата“; објави Слободен печат минатата година.
Меѓу нив се: Благоја Антовски (тапани), Игор Атанасоски – Харе (гитара), Трајче Велков (труба), Калина Велковска – Кали (вокал), Зоран Костадиновски (гитара), Крле (вокал)..
Потоа, Кирил Кузманов (саксофон), Џоле Максимовски (бас-гитарист), Андреа Мирческа (контрабас), Иван Петровски (гитара), Полина Тасева (сопран), Петар Ренџов (гитара), Гордан Спасовски (пијано), Арбен Бени Шаќири (вокал) и Џон Илија Апелгрен (вокал).
-Кога дојдов до идејата да ја направам оваа фотомонографија, најпрво седнав и направив список на колегите од кои имам контакт.
Внимавав да има колеги од разни музички жанрови и различни инструменти и мислам дека направив убав избор. Застапени се музичари од мојата, но и од помладата генерација.
Се разбира, морав да сметам само на одреден број колеги, бидејќи требаше да водам сметка и за бројот на страници на готовата книга“, изјавил овој музичар за Слободен печат.
– Кога бев дете, по завршувањето на цртаниот филм во 19:15 часот беше време за спиење. Јас и брат ми на крај од цртаниот ќе речевме тивко:
„Ве молам, дајте ни уште еден“ и бевме пресреќни кога ќе ни се оствареше таа желба, а ние ќе добиевме уште три минути забава.
Вака изгледал раниот детски ноќен живот на нашиот џез-пејач и може слободно да се каже вокален уникат во Македонија – Џон Илија Апелгрен.
Тој повеќе од три децении на нашата сцена го одржува жанрот што не е карактеристичен за нашето поднебје, маестрално исполнувајќи ги најубавите џез-стандарди од светската музичка литература“, објави Деца.мк во една прилика.
Роден е во Лондон во 1969 година, односно како што вели, на 24 дена пред последниот настап на „Битлси“, Апелгрен сепак го врзува неговото детство со Скопје, каде што се вратил со семејството во 1972 година.
Вели дека како дете не бил плачко, туку напротив, секогаш насмеан и весел. Џон Илија бил зависник на џамлии и петкамци, игри поради кои мајка му го отпишала од првичното основно училиште „Коле Неделковски“ и го префрлила преку улица во „Песталоци“.
– Од љубовната приказна на мајка ми и мојот очув осознав што е љубов. Претпоставувам дека двајцата беа авторитети за мене, но на различни полиња.
Инаку, уште во градинка склопив другарства кои сѐ уште траат. Заедно учевме и во осмолетка. Во петто дружината ја нарековме „Цр ни браќа“.
Имавме направено и сопствена азбука на која можевме течно да пишуваме и да читаме, а со цел другите од одделение доколку ни фатат порака, да не можат да ја разберат.
Секако, „црн ите браќа“ денес живеат на три страни на светот, а сепак сме исто толку блиски како и пред 50 години“, рекол овој музичар за Факултети.мк
А тој, е многу горд на неговата ќерка Ирина, и споделил пост на Фејсбук страницата „Скопје се носи“, кој ја фотографирал Ирина, а за овој медиум таа има изјавено:
– Многу луѓе мислат дека живеам во странство. Многу пати ми пишале ‘А бе уствари во Берлин си ти?’ Не знам зошто така… Јас сум човек што многу сака да патува, да шета, да види различни места…
во текот на животот да живее на многу различни места. Сакам да истражам подалеку од овде. Мислам дека би си направила дом каде и да сум. Мене тие разлики во менталитет, културолошки и сл. ме влечат.
И од антрополошка перспектива ми е многу интересно. Дека сите сме од истиот свет и сите сме нели истите луѓе, а толку различни можеме да бидеме во некои секојдневни работи, и мене тоа ми е префасцинантно.
Да го научам, да го видам. Особено ако можам да го искусам лично, од прва рака, да сум таму, да видам како се однесуваат луѓето околу мене, кои им се традициите, јадењата итн.
Во зависност од тоа каква ти била среќата да се паднеш во светов, некако различно ќе ги гледаш”, кажала Ирина, а потоа додала:
,,Низ годините многу пати сум го менувала стилот. И баш ми е интересно дека сега ми пиша кога сум во некој период на транзиција.
Знаеш, кога ќе ти дојде некаков момент дека сакаш сè да фрлиш, да донираш, отпочеток да почнеш“, рекла ќерката на познатиот музичар, а тој ја споделил оваа објава од својата уникатна ќерка.
Целото нтервју со Ирина, можете да го прочитате ТУКА