И покрај целата оваа тажна приказна, Атиџе Муратова пак има сила да се смее и да запее- еве во чије друштво (ФОТО)

0

Главот лик од документарниот фил 2Медена земја“м Атиџе Муратова сиот живот го поминува во селото Бекирлија. Детсвото и било исполнето со многу игра и радост.

Тогаш имало повеќе жители, кажала во една прилика Атиџе за ТВ 24, па имала и другарки, со кои си играла со кукли кои самите ги правеле.

Од 2005 во селото остануваат само две куќи во кои има жители и двете семејства биле замерени една со друга. Кога нема никој во селото, Атиџе вели дека разговара со пчелите и со планините околу неа.

Сузана Турунџиева ѝ ги исполнува сите желби на медената Атиџе Муратова, и нивната дружба е веќе добро позната. Иманео, две заедно снимија албум со песни кои од срце ги испејаа.

Албумот со осум песни, на македонски и на турски јазик се промовираше вчера во Скопје, а самите Атиџе и Сузана се и автори на дел од песните. Песните се снимани во студиото на Роберто Поп- Димитров „Кентаур“, кој е исто така дел од авторите.

Познато е дека Сузана Турунџиева и Атиџе Муратова, хероината на документарниот филм „Медена земја“ многу се зближија, и јавноста е запознаена со секојднените обиди на Сузана да ѝ помогне на својата нова пријателка за која рече дека се чувствува како да ја знае цел живот.

Сузана помогна да се изгради куќата на Атиџе во селото Дорфулија, блиску до Бекрилија.

– Ние навистина имавме чувство како да се знаеме цел живот, иако мене Атиџе никогаш претходно не ме видела. Во Беќирлија нема струја, ниту електричен апарат, освен едно мало радио.

Но, за мене таа слушна подоцна од луѓето во Дорфулија, кои биле воодушевени од мојот гест, дека сепак и покрај сите околности и неможност лесно да стигнеш до Беќирлија, покрај сите пречки сум успеала да стигнам до кај неа заедно со малолетно дете со ранецот на грб.

Од денот кога се запознавме, силно се гушнавме, запеавме и не престанавме да комуницираме. Ништо не си ветивме, ама нема ден да не се слушнеме и да не разговараме за секоја нејзина желба, потреба или немир кој таа и брат ѝ го имаа“, рече таа.

Благодарение на хуманоста на многу пријатели на Турунџиева, Атиџе и нејзиниот брат Феим сега се преселени во новата куќа во селото Дорфулија.

-Малку поплакав кога се селев од Бекрирлија, седев на скалите на старата куќа и плачев. Ми падна жал за моето село, таму сум го поминала целиот живот. Сега сум преселена во новата куќа. Многу ни е убава куќата“, изјавила Атиџе за Женски магазин.

-Се надевам дека веќе нема да се селам. Нема никогаш да се преселам од Македонија“, раскажа Атиџе пред гостите на промоцијата на албумот.

Инаку, Атиџе таму живее со својот брат Феим на кој Сузана Турунџиева му помогнала да го поврати видот заедно со д-р Наум Трпеноски.

Таа, заедно до медената и брат ѝ минатата година се фотографираа пред приватна ординација која му помогнала на братот на медената да си го врати видот, да може да живее нормално.

„- Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – биле зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата.

Сузана Турунџиева покрена нова акција за помош на својата добра пријателка. Тоа се декоративни камења кои таа ги цртала, како и садови и сега ги продава, а од продажбата на овие убави уметнички дела, се донираше за помош на Атиџе.

И покрај се што помина, Атиџе пак се смее и пее, и тоа во друштво на Адријана Алачки, оја објавила снимка како пе преубава македонска народна песна во нејзината емисија „Вкусот на традицијата“.

Атиџе готвела заедно со Адријана, а потоа и заедно запеале.

Е ова е дух и пример за волја и позитивен дух. Секоја чст за Адријана и за Атиџе!

Претходна статијаТелото боли, душата боли, а таа повторно се смешка- Еве како сега изгледа Маја Оџаклиевска и каква приказна сподели
Следна статијаЏон Илија Апелгрен сподели сторија за неговата ќерка- многу личи на татко си и има уникатна приказна