Одмерена, елегантна и насмеана, Јована Стојменовиќ е една од оние водителки кои секогаш внимаваат на јазикот и на дикцијата.
Ова го објави во една прилика Женски магазин за оваа наша позната водитечка, а таа во истотот интервју сподели неколку интересни нешта за неа, тоест за онаа Јована зад камерите.
Околу темата дали е тешко ли е да се стане рано, да се дотераа и да се биде концентрирана пред камерите, Јована одговорила вака:
– Потребен е голем влог за сето споменато. Освен за самиот чин на водење на гледачите низ содржините, јас имам голема улога во изборот и креирањето на истите во соработка со моите прекрасни колеги.
Така што презентирањето на содржините е само финале на сето она што претходи на секое издание на „Ја сакам Македонија“, за кое, секако, значајно се подготвувам.
Во април, утринската програма на „Сител“ наполни 16 години, а и јас со неа исто толку години ангажман во создавањето на таа приказна и ангажман во телевизијата, бидејќи сум дел од утринската програма од првата година на нејзиното постоење.
Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле.
Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.
Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.
Неодамна една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.
Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“, рекла Јована. Потоа таа потсетила на твоите искуства како модел, и за тоа колку време се занимавала со манекенство и има ли освоено титули за убавина.
-Се занимавав околу 5-6 години со манекенство пред да почнам да работам на телевизија. Работев најмногу модни ревии во рамките на модните недели што се организираа тогаш благодарение на модното студио „Црнокрак“ и модната сцена која како да беше поактивна или барем повпечатлива некако, според мене, пред 10 години.
Имам прекрасни емоции кога ќе се присетам на тие настани и на чувството кога ќе излезеш на писта, за да го презентираш моделот на дизајнерот, тоа е навистина посебно.
Работев и фото-сесии, видео спотови итн., но не учествував на избори за убавина.
Мислев дека не ми е потребен тој натпревар, бидејќи изборот за убавина во суштина е натпревар кој е поинтересен за набљудувачите отколку за учесниците, па затоа останав набљудувач“.
-Идеалниот изглед за една жена е да биде задоволна од себеси и да го рефлектира тоа задоволство во околината.
Самодовербата е многу важна во впечатокот кој некој би го нарекол идеален, а за да имаме самодоверба треба да бидеме сигурни во себе, во своите способности, изглед…
За тоа да биде така, треба и да работиме на себе. Од аспект на изгледот најважна е храната и негата, а потоа и работа на стилот. Лесно ќе направите модна или „бјути“ икона од жена која има негувана кожа, коса, нокти, заби, добра фигура во форма…
Доволно е да ги следи бјути трендовите за шминка и нега или модните трендови и идеи за стајлинзи во сегментот мода на „Убавина и здравје“.
-Уживам во подготовките за средба со гледачите кои се секогаш темелни и од аспект на изгледот. Сакам секогаш да бидам достојно дотерана за таа средба и секогаш поинаква за моите гледачи.
Расположението произлегува од љубовта, страста би рекла, кон оваа работата која ми е вродена, а и од одговорноста. Никој не е должен да му рефлектирате грижи или незадоволство преку екранот само затоа што вие минувате низ нив. Гледачите сакаат да им биде пријатно вo ваше друштво, а нерасположен човек, не е добро друштво.
Јована сподели нови слики на својот Фејсбук профил, на кои изгледа супер.
И додека повеќето спијат наутро додека таа е веќе средена, нашминката, и спремна за да се појави пред камерите, тоа изгледа вака.
Всушност и со описот на овие фотографии Јована самата кажала како изгледа: Малку утрински гламур. И навистина изгледот на Јована наутро е вистиснки гламур и сјај.