Фолк пејачката Сузана Гавазова, пред некое време на стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емили и Селена.
„Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нов се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.
И покрај нејзината набиена агенда со често настапи на свадби и во ноќни клубови, на Сузана Гавазова секогаш ќерките ѝ се на прво место, па објави стори како наздравува со нов во ресторан, таа ракија, а тие сокче.
Освен што е згодна жена, Сузе е и супер домаќинка и посветена мајка на Емили и на Селена.
Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни. „Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.
Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.
Сопругот на Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво.
Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.
Во една прилика Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.
Јасмин е послабо активен на социјалните мрежи од Сузана, но тој објавува секогаш кога има што да каже.
Струмичката фолк ѕвезда освен што важи за една од најубавите пејачки, докажа и колку е лојална и верна на професијата.
Во кратките приказни на нејзиниот „Инстаграм“ профил, Гавазова во една прилика го покажа нејзиното длабоко деколте и бујните гради, позирајќи во автомобилот, додека профи нашминкана со фризура во нејзин стил, тргна да се вози на ТВ настап.
Впрочем Гавазова неретко изгледа како ѕвездите од регионалната, па дури и од светската естрада, кога се модните парчиња и комбинации во прашање.
Од гардероба и обувки, до накит, аксесоари, шминка и фризура… Гавазова речиси секогаш има впечатлива визура.
Гавазова на Инста стори објави неколку свои видеа, како пее а нашинците во Англија, а таа уште претходно најави дека околу Божиќ ќе пее таму и ќе го весели нашиот народ.
А во едно од видеата се гледа како Сузе меша, па пее македонски народни песни, а еден куп весел народ околу неа ужива и игра оро. Ама она што е интересно на овие видеа е бакшишот.
-Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници“, рече Гавазова за Фокус откако од Шведска, таа се врати повторно дома во Македонија.
Јасмин има син кој се вика Емил, кој е од првиот брак. Емил, живее во Шведска и е копија на својот татко.
Јасмин ја придружуваше Сузе во Англија, а сега со ќеркичките решија да одморат кај нашиот сосед, во Банско.
Сузе објави видео од кафана како се весели со ќеркичката, додека Јасмин објави сам слика во природа, каде во позадина имаше многу снег, а Јасмин на фотографијата напишал дека конечно паднало снег, што значи дека долго време го чекал и му претставува голема радост.