На денешната одлука на Основното јавно обвинителство веднаш реагираше Жан Митрев – Еве што им порача!

0

Основното јавно обвинителство – Скопје покрена обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и против неговата болница, како правно лице, за кривично дело „измама“.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години.

Информацијата беше споделена на денешниот брифинг во Обвинителството со новинарите.

ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.

„Се гледаме на суд е нашиот одговор на денешната одлука на Основното јавно обвинителство да се гони д-р Жан Митрев за измама.

Оваа лакрдија од неосновани напади на суд ќе мора да се докаже, а ќе биде тешко да се докаже бидејќи вистината е дека ниту еден пациент не бил измамен и сите третмани и процеси во болницата биле јавни и транспарентни и во интерес на пациентите.

Со тоа на суд ќе падне и самото обвинение на ОЈО“, се вели во реакцијата на клиниката „Жан Митрев“ по поднесениот обвинителен акт против кардиохирургот Жан Митрев како физичко лице, како и против правниот субјект приватната болница “Жан Митрев”.

Од клиниката нагласуваат дека работеле со дозволени методи и највисоки стандарди на лечење, со што најавуваат дека ќе ја докажат вистината и фактичката состојба.

„Повторуваме дека Клиниката и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.

Со ова ќе ја докажеме вистината и фактичката состојба, за нашата работа дека се што беше направено во Клиниката Жан Митрев, беше направено за пациентите и според дозволени методи и стандарди на лекување.

Ние како клиника, во текот на целиот овој процес целосно соработувавме со институциите и ги отстапивме сите наши материјални и човечки капацитети со цел вистината да излезе во јавност и транспарентно да се докаже дека наша цел и функција отсекогаш била да лечиме и да им дадеме најдобра медицинска нега на пациентите.

Така и ќе остане во иднина“, се вели во реакцијата на клиниката „Жан Митрев“.

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Жан Митрев, како физичко лице и неговата болница, како правно лице, за кривично дело „измама”, за кое е предвидена затворска казна од 1 до 10 години.

Од Обвинителството информираат дека се собрани докази за обвинетиот со кои е заклучено дека тој извршил прикривање на клучни факти за хемофилтрација – метод кој го прикажувал каков што не е, и не треба да биде, со што пациентите биле доведени во заблуда дека хемофилтрацијата е алтернативен начин на лекување на корона без научни докази.

Во истрагата на обвинителството биле опфатени вкупно 283 пријавени оштетени, а правното лице на Жан Митрев се здобило со имотна корист од 97.461.600 денари односно околу 1,6 милиони евра за хемофилтрации.

Претходна статијаБлазе си му на Максо градоначалникот на Куманово – вистинска лепотица си има по дома (ФОТО)
Следна статијаВесна БЕЈБИ со ТРОГАТЕЛНА порака се прости од Мара Попара: Извини што сите те заборавија!