Јавноста во последните две години, откри една нова, убава димензија во ликот на познатиот бизнисмен Трифун Костовски, а тоа е неговата способност да ги пренесе настаните од минатото, да раскаже, да напише.
Тој тоа го прави на својот профил на социјалните мрежи и го прави извонредно. Трифун Костовски во една прилика се потсети на неговиот другар Вања Бојков, со кого го создадоа шампионскиот тим, Кометал Ѓорче Петров:
„ДРУГАРУВАЊА. Мојот Другар Вања. Другарувањето со Вања отпочна уште во раните 60-ти години, најпрво во школските клупи, а потоа во сите сфери на нашето живеење.
Комуникацијата меѓу нас се изгуби кога заминав на печалба надвор од Македонија.
При првата средба која се случи на аеродромот во Виена, другарувањето ни продолжи како пред тоа да не постоел никаков временски период помеѓу. Човек наоружан со сите човечки атрибути, чесност, принципиелност и посветеност.
Неговата посветеност дојде до израз со носењето на шампионската титула во Скопје.
Вања во себе имаше вграден систем да препознава вредности во луѓето, а посебно во ракометарките.
Сите кралици на Шампионскиот тим Кометал-Ѓорче Петров се дело на умешноста на Вања да препознае квалитет и да сето тоа го вклопи во тимска солидарност и посветеност.
Многумина како мене вложиле и поголеми пари да освојат титула, меѓутоа без вистински луѓе во тимот, таа цел е тешко остварлива. Среќата беше моја што го имав Вања до мене.
Мене и Вања не врзуваат многу нешта во кои би ги издвоил трите најбитни: музиката, спортот и посветеноста. Обајцата го сакаме животот, во вистинска смисла на зборот.“
Трифун Костовски ја слави славата Свети Атанас, и по тој повод, тој објави слика со сите свои деца: Олга, Коста и најмалиот си Филип кој поретко го гледаме во јавноста.
Оваа слика предизвика доста реакции на Фејсбук, а до неа Костовски напиша: Семејна слава – Свети Атанас. Драга фотографија со моите деца“.
Костовски сега е доста активен и на социјалните мрежи. Тој постојано споделува статуси со свои ставови, но и потсетува што другите рекле за него и колку многу помогнал во сите сегменти во општеството.
Костовски е еден од најпознатите македонски стопанственици, донатор и поранешен градоначалник на Град Скопје. Тој во изминатиот период беше мошне актуелен во јавноста поради случувањата со затворањето на Еуростандард банката.
Во еден од своите претходни постови, тој напиша:
„Почитувана Македонијо, Од секогаш сум велел дека сите ние сме на помин во овој свет, дека човечкиот живот е временски краткотраен и дека можеме да останеме запаметени во времето само ако оставаме во него трајни траги.
Од тие причини јас својот живот го поминав трудејќи се да создадам нешто трајно, давајќи печат на моето битствување кое се надевам ќе биде запаметено но, давав поддршка и помагав секакво човечко делување во правец на градење трајни вредности кои ќе ја воздигнат нашата татковина!
Секаде каде што ќе препознаев концепт и план за унапредување на живеењето и промовирање на Македонија, со задоволство помагав.
Чувството на давање и потоа гледање на резултатите од вашата помош се незаменливи, тоа е чувство на благост, восхит и гордост на постигнување на другиот со ваша поддршка.“
Трифун Костовски е татко на три деца, но и дедо, а со неговата внука која се вика Неда, тој објави фотографија и ја откри приказната на нејзиното име:
– Мојата убава, сакана и мила внука Неда, на која сум горд прераснува во личност добро воспитана, амбициозна и истовремено пренесувајќи ја традицијата на нашето семејство.
Нејзиното име го носи од мојата пок ојна баба“, напиша Костовски до сликата со неговата убава внука.