Бергузар Корел е наречена „Турчинка со најубава коса“, а благодарение на бујната, сјајна коса заработи цело богатство на реклами за шампони, а сега сите се прашуваат зошто сопругата на Сулејман Величествениот така драстично се ишиша.
Секако, станува збор за нејзината нова улога. Бергузар поради новата улога ја скрати својата долга коса и изгледа целосно непрепознатливо. Новата фризура најмногу го воодушеви Халит Ергенч, во кој се вљуби на сет.
Таа ја откри и тајната на својот негуван изглед:
„Пред сѐ редовно вежбам. Потоа тука е и здравата исхрана, природната нега и позитивната енергија. Многу внимание посветувам на органската храна.
Секоја сабота одам на пазар каде купувам овошје, зеленчук и други продукти. Преферирам природни сокови во кои додавам краставици, нане или ѓумбир за подобра арома. Ги редуцирав вечерите. Неодамна ја исфрлив лактозата од менито“, откри актерката.
Ергенч имал тешко детство, кое го обележала неговата помлада сестра Азад, која е родена со ментални потешкотии и родителите биле насочени на грижата околу неа.
– Моите родители се разведоа кога бев во основно училиште, а и пред разводот нивната ситуација беше напната. Додека мајка ми мислеше дека се возев со велосипед наоколу, јас бегав од дома кај мојата друга сестра Флори, вели актерот.
Тој се запишал на студии за бродоградба, но веќе набрзо сфатил дека уметноста е неговиот животен повик, па одлучил да проба во актерството и музиката.
Некое време живеел во САД, каде ги гледал сите познати мјузикли бидејќи бил уверен дека и неговата кариера ќе тргне по тој пат.
– Додека бев во САД ја чекав улогата во мјузиклот „Бедници“ и два дена спиев на отворено додека не ми кажаа „Сфати веќе еднаш, ние не те сакаме“.
Тогаш сфатив дека оваа работа зависи само од тоа колку добро ќе ја одработиш, раскажува Халит.
Во тие моменти помислил да се откаже од актерството и да се посвети на кулинарството, но добил понуда да игра во детски театар.
– Бев „шворц“ и ми требаа пари, но ми беше трагично да играм во детски театар. Додека ја работевме претставата „Кралот на лавовите“, често бев пијан на сцена.
Мојата ситуација беше очајна, вели тој. А тогаш пристигнала понуда од Турција.
– Требаше да ја работиме турската адаптација на „West Side Story“.
Кога дојдов во Истанбул, ми јавија дека проектот е откажан, и оти имаат подготвено моја повратна карта за САД, но им порачав да си ја задржат картата за себе.
Погледнав во Босфорот и го почувствував благодетот на Истанбул и повеќе не ми падна на памет да го напуштам, додава Ергенч.
Бергузар повеќе личи на девојка од соседството и студентка, отколку на ѕвезда, но токму поради тоа има бројни обожаватели.
Во месец февруари 2010 година тие станаа родители на машко дете кое се роди во една приватна клиника во Истанбул.
Бебето го доби името Али, едно од најпопуларните машки имиња во Турција. Денес Али веќе е потпораснато момченце, а мама и тато ретко го покажуваат во јавност, како и другите деца.
Сепак, папараците секогаш се околу нив, па кога ќе ги начекаат заедно во ретки прилики имаат можност да го фотографираат.
Халит Ергенч и Бергузар Корел некое време беа на пик во јавноста, откако беше објавено дека се разведуваат.
Имено, се шпекулираше дека нивниот брак е во криза затоа што Халит наводно ѝ бил неверен на познатата Шехерезада.
Познатата двојка им пркоси на гласините објавувајќи фотографии на социјалните мрежи на кои претставија вистинска семејна идила.
Таа ги воодушеви сите со објава на Инстаграм во која објави дека е подготвена за промени во животот и да ослабе. Корел почнала да внимава на својата исхрана, но и да тренира.
„Сега сум подготвена. Влегов во процес на слабеење. Моето тело ќе изгледа како што сакам. Тогаш ќе бидам среќна,” напишала Бергузар покрај фотографијата во спортското издание.
Инаку, таа неодамна беше мета на критики и осуди поради вишокот килограми по породувањето, како и поради целулитот кој гордо го покажуваше.
На едно од последните објавени видеа на Инстаграм може да се забележи дека таа видно ослабела и ја постигнала својата цел, а сега изгледа исто како пред повеќе од 17 години кога глумеше во „1001 ноќ.“
View this post on Instagram