Циле Тупурковски плачел како мало дете во јавност- хрватски музичар откри досега непозната приказна

0

Васил Тупурковски, некогашен најмоќен политичар од Македонија, кој беше член на претседателството на ЦК на поранешната држава Југославија.

Тупурковски по враќањето во Македонија, формираше своја партија ДА, Демократска Алтернатива и заедно со Љубчо Георгиевски победија на изборите во 1998 година.

Васил Тупурковски, долги години беше и претседател на МОК, а последните години е во пензија и повлечен од јавноста.

Дадо Топиќ, познатиот хрвстски музичар бил гостин во Утринска на Телма, а поводот бил негов настап во Скопје. И кога водителката го прашала да каже една анегдота од Македонија, Топиќ го споменал Васил Тупурковски.

Хрватскиот пејач и музичар Дадо Топиќ со „Индекси и пријателите“ имаа голем концерт во Скопје.

Седумдесет и двегодишниот Дадо, пред скопскиот концерт, полн со емоции вели дека му е тешко со малку се зборови да опише што за него претставуваат „Индекси“ и воопшто да се пеат нивните најпознати песни.

Пред настапот на 28 октомври во Филхармонија, во интервју за „Репортер“, зборувале за детството, музиката, најпопуларната песна „Македонија“ и сè она што е интересно за него, како пејач кој ја одбележа музиката во поранешна Југославија.

Искрен да бидам, не сум бил нешто којзнае колку во Македонија. Но, во основно училиште на часот по историја многу ме интересираше баш нивната историја.

За мене беше многу значаен македонскиот народ, нивната желба за самостојност за која се бореле уште од времето на Илинден па натаму.

Многу читав и за Александар Македонски, кој веројатно нема којзнае колкава врска со Македонија, но и Битола, каде сум бил, и тоа е град што многу влијаеше и на мојата музика“, рекол Топиќ.

Дадо Топиќ инаку ја има испеано познатата песна „Македонија“, која потоа ја има преработено групата „Меморија“. Во видео прилогот кој го пушти Телма, Топиќ раскажа:

Неодамна во Сараево ја пеевме „Таму каде вечното сонце свети, таму е Македонија“. Имаше многу публика на настанот, илјадници луѓе.

И мене ме трогна настапот на Циле Тупурковски кој се качи на сцената и со мојот бенд ја испеа Македонија.

Плачеше како мало дете и толку беше предизвикувачки што и јас пуштив солза. Но драго ми е што така се случи, за Македонија се што треба“, рекол Топиќ.

Потоа, тој споменал уште човек од Македонија- Аки Рахимовски, велејќи дека бил извонреден човек и дека му е драгошто нивниот последен заеднички концерт бил токму Битола.

Изјавата на Дадо Топиќ можете да ја видите ТУКА

Претходна статијаНаша позната новинарка раскажа како го сонила Тоше
Следна статијаОВОЈ ПОТЕГ СО МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ ЌЕ ВИ ЈА ПРЕПОЛОВИ СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: ТРЕБА да направите ЕДНА РАБОТА