Се огласи пејачот Реља кој синоќа пееше на сплавот во Белград

0

Во Белград ноќеска, во текот на новогодишната прослава, потона познатиот сплав Фристајлер.

Притоа повредена е една довојка, на која помош и е укажана на самото место, додека две екипи на Итната помош веднаш се упатиле на местото на настанот, јавува Нова.рс.

Според српските медиуми, кога сплавот почнал да тоне, гостите почнале избезумени да трчаат надвор.

Кога последните гости бегале од сплавот, водата веќе им била речиси до колена, покажуваат снимките на кои се слушаат. Предниот дел од сплавот останал на површината, додека остатокот потонал под вода.

Сплавот Фристајлер се наоѓа на реката Сава во Белград, на устието на Сава во Дунав од страната на Нов Белград.

Гостите на сплавот, ги забавуваше познатиот српски пејач Реља Поповиќ. Пејачот Реља за првпат проговори по инцидентот на белградскиот сплав „Фристајлер“ кој почна да тоне за време на неговиот настап во текот на синоќешниот дочек на Новата година.

Имено, Реља се огласи на Инстаграм, ја честиташе Новата година, а потоа ги откри деталите за инцидентот:

„Драги мои луѓе. Најпрво да ви ја честитам Новата година и да ви посакам многу среќа, здравје и мир. Како што досега во сѐ што сум правел немаше место за сензационализам, би сакал да го нема ниту сега.

Како што знаете, синоќа настапив на белградскиот сплав „Фристајлер“.

На паузата по првиот блок ни рекоа дека мораме веднаш да го напуштиме сплавот и дека е во тек евакуација. Кога излеговме надвор видовме дека сплавот тоне.

Жал ми е што не ја поминавме цела вечер според планираното и како што ја започнавме, во добра атмосфера.

Сепак, среќен сум што сите беа безбедно евакуирани, што сите се живи и здрави и неповредени“, стои во објавата на Реља Поповиќ на Инстаграм.

Видеото од сплавот кој тоне, можете да го видите ТУКА

Претходна статијаДимитров во несекојдневно издание и со порака: Сецкам бавно, али прецизно (ФОТО)
Следна статијаХАЛИД БЕШЛИЌ НЕ Е ДОБАР: Лоши вести за пејачот доаѓааат од Босна, со него е сопругата Сејда