Ване Маркоски има повод за частење, се пофаоли на Фејсбук: Нека се множат!

0

Познатиот ТВ водител Ване Маркоски пред една година си замина од телевизијата Канал 5. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи самиот.




„Поминавме одлични 5 години взаемна соработка, почит и разбирање. Дојде време за промена, а кога душата е „пуштена на најјако“ најлошо е да и противречиш, па затоа превземав чекор со кој ни се разделија патиштата.

Благодарам на Канал 5 за целокупната доверба овој период, доверба која ја оправдав како работник, работник кој секогаш беше во први редови за одбрана на интересите на телевизија и програмата и останува уште цел месец, напиша Маркоски.




Поодамна имав желба да бидам дел од јавниот сервис. Годинава одлучив дека е дојдено времето за промена. Знаев дека ќе се случи, само не знаев точно кога. Потоа некако се поклопија коцките и еве сум сега во “Македонија наутро”, утринската на МТВ 1 и плус во радио 2.




Нова средина, искуства, луѓе, професионалци од кои може да продолжам да учам, да напредувам…. Со оваа идеја пристапив на желбата за промена“, нраскажа Ване за своето тазе искуство и одлуката која не дошла преку ноќ во Женски магазин.




„Секогаш го слушам внатрешниот глас и знам дека тоа ме води во вистинската насока. Промените годат навистина и ги охрабрувам сите да ги практикуваат. Секако дека имаше и потешкотии целиот овој период кога требаше да ја донесам одлуката.




Не е лесно. Одлука, нова средина, страв, трема, ама ако се издигнеш над сè, со искреност и си ја гледаш својата работа, без да наштетуваш на некој, тогаш сè си доаѓа на место.

„Од Канал 5 носам само убави спомени од изминатите 5 години. Работевме доста, веруваа во мене и токму тој медиум беше оној кој најмногу направи за да ја погледнам оваа работа од агол на љубов и гледачите подобро да ме запознаат.




Од таму добив голема поддршка, доверба, многу проекти и таа ТВ секогаш ќе ми биде во срцето и душат“, вели Ване.

Во нашата човечка природа е да не знаеме да сме благодарни на универзумот за тоа што го имаме во моментов, за тие мали нешта по кои некогаш ќе жалиме.




Поминав турб-улентен период, но не за џабе велат, сѐ е за арно, ако ти така го сфатиш и прифатиш тоа, па затоа сега сум благодарен не на секој нов ден, туку на секоја нова секунда од животот, на секоја нова промена, на сѐ што ми се случува.




Отсекогаш сѐ нешто сум очекувал. Ајде да се случи ова, па ова и да почнам да живеам. Ќе дојде и ќе помине тоа што си го очекувал, а после некое време сфаќаш дека “пробл-емите” не исчезнале. Тие се тука, само биле прикриени привремено“, изјави Ване.




Денес, тој слави една година во МТВ, каде што според сликите кои ги обајува е доста среќен и на Фејсбук напиша: 1 година МТВ. Нека се множат.

Претходна статијаСите познати беа на отварање на „Ист Гејт Мол“, само една беше главна, еве и зошто (ФОТО)
Следна статијаШабан Шаулиќ не сакаше само eдна своја колешка, еве зошто ѝ беше многу лут и не ѝ прости