Голема причина за славење кај нашата позната новинарка, таа ја сподели среќата на Фејсбук (ФОТО)

0

Познатата новинарка Анита Петровска Рајковиќ е долгогодишен медиумски работник во областа на политиката и на економијата, присутна на малите екрани долги години, во областа на политиката и економијата. Но, интересен е и нејзиниот приватен живот.




Таа е мажена за пзнат музичар кој свири со Горан Бреговиќ насекаде, на многу светски дестинации. Тој се вика Александар Рајковиќ, и со нашата новинарка се запознале на 30 мај во 2008 година, кога Горан Бреговиќ имал концерт во Скопје.




Анита во една прилика има изјавено дека од нивната прва заедничка фотографија таа вечер, до денес, сe е како убава бајка. Двајцата често патувааат заедно, а по само еден месец врска на една од плажите во Ница, Александар предложил да живеат заедно.




-Моравме да се решиме веднаш на таков чекор, бидејќи јас сум од Скопје, тој е од Белград и е постајано на турнеи секаде низ светот со Бреговиќ. Да не се договоревме да живееме заедно во Скопје, мислам дека тешко дека љубовта ќе ни успееше“, раскажа Анита Петровска во Женски магазин.




Новинарката додава дека деценијата помината со сопругот, таа ќе ги памети по неизмерната љубов и поддршка. „ И денес, по десет години, јас сум уште вљубена во него како првиот ден. Неверојатно е, но не е избледено буквално ништо во нашиот однос“, додаде Петровска.




Најубавиот подарок, таа и нејзиниот сопруг го добиле токму на годишнината од нивната љубов. „ Подарокот стаса како порачан. Ни јавија дека се готови документите за нашиот нов стан. За некој ден се вселуваме“, вели Анита. Тие се венчаа на крајот на октомври во 2013 година.




Денес, овој пар слави осум години од брачниот живот, како што беше објавено на Фејсбук профилот на Анита. Тие се венчале токми на еден голем празник како што е Света Петка.




Православните верници ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.




Култот кон света Петка- Римјанка, кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести. Петковден е прв празник за домашна слава од зимките слави.




Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.




Токму на ововј голем празник, а на годишнината од нивниот брак, Анита на Фејсбук напиша: На денешен ден, Света Петка си кажавме Да- 8 години брак летнаа како минута ога си со оној кој го сакаш“.

Претходна статијаБиба Додева денес на Петковден и се обрати на својата мајка, која повеќе не е со неа
Следна статијаАктерот Дац откри од што треба да се пази Петре Шилегов во недела (ФОТО)