Игор Џамбазов откри детали за своето детство: Татко ми не беше шеф на семејството

0

Познатата наша актерка Анче Џамбазова (родена во 3 август 1942 е театарска и филмска глумица, најпозната по улогите во Мирно лето и Македонски народни приказни. Анче Џамбазова е ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на компизиторот Александар Џамбазов и мајка на шоуменот Игор Џамбазов и архитект/технологист Татјана Џамбазова.




Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото.

Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова. Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар, објави Вистина во една прилика.




Познатиот композтор и диригент, маестро Џамбазов во една прилика раскажа како е роден Игор, во време на зем-јотресо во Скопје во 1963 година. Тој секогаш вели колку му недостасува неговата сопруга Анче без која тешко живее.




-Мојата сопруга Анче беше млада мајка, имаше само 21 година кога го роди Игор. Живеевме на улицата Никола Парапунов, сегашен булевар Климент Охридски. Целата наша улица беше како едно семејство. Тој 26 јули, пред 55 години, Игор немаше ни две недели. Беше во својата колевка, се разбуди околу 5 часот наутро и почна многу силно да плаче.




Се сеќавам како сега кога Анче ми рече: Гладен е, ќе го земам да го над-ојам. Јас и одговорив да почека уште половина час, да ги следи советите на докторите кога треба бебето да се храни. Но, таа не ме слушаше. Игор плачеше повеќе од вообичаено, и сега си велам дека е вистината онаа изрека дека малите деца и бебињата како да ги пречуствуваат нештата.




Додека се убедувавме, Анче го зема Игор. Само неколку секунди откако го извади од колевката, почна силно да тр-се. Дел од ѕидот на таванот се изрони и големо парче падна токму на неговото креветче. Да не реагираше Анче на време, не сакам ниту да помислам што ќе му се случеше на нашиот син тогаш“, се присети познатиот композитор и диригент во Женски магазин.




„Таа беше обожувана и од жените и од мажите, што е вистинска реткост. Старите скопјани велат дека била една од најубавите жени после земј-отресот. И секако уште како 16-годишна ќерка на Петре, се возела низ Скопје на веспа, половина скопјани биле заљубени во неа.




Но, ете срцето ѝ го освоил еден, пто би рекол дедо ми Петре, музикант. И кога сакавме да го изнервираме татко ми, мајка ми, јас и дедо ми, јас секогаш, давав изјави по разно- разни интервјуа, дека по дедо ми го имам талентот за глума, а по мајка ми го има талентот за музика. Татко ми секогаш се нервираше“, рече Игор Џамбазов во документарниот филм за својата мајка.




Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот ,,Гола месечина 2019″ од страна на Општина Аеродром, и беше прикажан пред две години, а во него зборуваше и Александар Џамбазов.




– Многу ми е тешко да зборувам, како свесни да дојде во ситуација, мислејќи за Игор се најдобро, бидејќи Тања отиде како многу млада низ цел свет, и целото внимание остана кон Игор“, изјави композиторот Џамбазов во овој документарец, а Игор се надоврза:

– Анче како сопруга? Само поблиските знаат дека семејството Џамбазови живееше во матријахат, а не во патријахално општество, кое беше нели, оној начин на луѓето кој беше нели за вреем на соција-лизмот.




Татко ми не беше шеф на семејството, тој беше член на семејството. А шеф, директор и началник на семјството беше госпоѓа, или во тоа време, другарка Анче“, додаде Игор.

На страницата која го негува ликот и делото на Ѓорѓи Колозов, креаторот на оваа страница се присети на Анче Џамбазова која го напушти овој свет во септември во 1997 година, и објави текст кој бил испечатен во тогапшен весник кој вели: Беше особена, даровита глумица. По многу што- своја…




Претходна статијаКристина Арнаудова: Се што гледате правам сама, се уште сум многу далеку (ФОТО)
Следна статијаБившата на Дарко Лазиќ си фати нов дечко, толку беа плачките по фолк пејачот (ФОТО)