Кристина Арнаудова: Се што гледате правам сама, се уште сум многу далеку (ФОТО)

0

Кристина Арнаудова веќе подолго време работи на проектот „Проект куќа со Кристина“ во кј на социјално заг-роените семејства од корен, со нејзиниот тим им ги ренорвираат домовите, а тоа оди во вод на емисија на ТВ Телма.




Таа во едно интервју за stepbystep.org.mk, сборуваше каква била таа како дете: Се сеќавам дека многу сакав да читам книги. Доста рано научив да читам и пишувам и обожавав да ми читаат и да читам. Сакав да рецитирам и да докажам дека можам да ја научам најдолгата стихотворба без грешка.




Омилена ми беше учителката по македонски јазик, се викаше Блага, а подоцна и мојата класна раководителка Марија. И двете ме заштитуваа и сакам да верувам дека ја оправдуваа мојата немирна енергија и темперамент кој од кога паметам се бореше против конформизмот.




Уште пред да имам деца, мечтаев како многу ќе им читам и ќе им раскажувам. Тоа го правиме скоро секој ден. Максим обожава да му читам и раскажувам, а тоа го прави и мојата мајка, неговата баба. Се надевам дека и Матео ќе стане љубител на книги и приказни.




Децата треба да учат низ игра. Сакам да учат низ песна и низ детска игра, и тоа го правам тогаш кога Максим сака, не сакам на сила, бидејки тоа е загарантиран начин да се создаде отпор.




Се водам според моите искуства и спомени, како сум сакала јас да учам, а како не сум сакала. Не смееме да заборавиме дека тоа се деца а не возрасни луѓе, и не смееме да им го скратуваме детството“, рече Кристина.

-Мојата другарка Ивана беше иницијатор на тоа. Веќе бевме почнати со градење кога таа дојде кај мене и ми рече, дека има многу компании кои би се вклучиле, и дека мене ми би мило полесно кога тие би знаеле дека ќе имаат реклама потоа. И реков, ок, ако тоа значи дека на тој начин ќе направиме многу куќи, и ќе овозмоѓиме на многу деца да живеат нормално, ќе снимам емисија. Не бев воопшто спремна.




Се јавив кај Мартин Трпчевски, Мартин 99, и го замолив да ми помогне. Јас и тој двајцата, сами, со најлимитирана техника, една камера, и еден микрофон, снимавме скоро сè.

Александар Ристовски Принц упаѓаше на помош, исто така, и продукцијата на Јован Лесански….Сè беше организирано од денес за утре. Немаше големи продукции и оргзнизации, асистенти, сценарија, режии….




А се работи за голем, комплексен проект, со многу денови снимање, и огромен материјал за монтажа. Имавме 10 денови активно снимање, оние кои се бават со ТВ продукција знаат што значи тоа. Не е дека седнуваш на столче во студио и одработуваш емисија.




Башка, јас прв пат во животот се најдов во таква улога. Никогаш немав напишано сценарио, секогаш се водев по чувствата и импровизирав. Можеби тоа е вистинскиот рецепт за успех, не знам. Да те води срцето, повеќе од умот. Господ ги чува храбрите“, изјави таа за почетоците во Женски магазин.

-Драги пријатели, продукциски и технички сум се уште многу далеку од она како треба да изгледа емисијата Проект Куќа со Кристина, и тоа и вам ви е јасно кога гледате. Се работи скоро без буџет за техника, светла, сниматели, тонци….се тоа се уште не постои, го немам… Се што гледате правам сама со мојот снимател Филип, и Благојче кој се труди во монтажа да ги сокрие маните…




Но важен е друг момент, да го сработиме хуманиот аспект. Да успеам да соберам доволно донации за секој дом, да оствариме нечиви соништа…Искрено се надевам дека ќе има доволно компании кои ќе ме поддржат во иднина и од аспект на продукција дека ќе биде емисијата на повисоко ниво. А до тогаш, да работиме на подигање на хуманоста, емпатијата кај луѓето, општествената одговорност кај компаниите…

Со овој проект сакав да покажам дека кога сме ЗАЕДНО можеме да направиме ЧУДА. И успеав во намерата…Останете моја поддршка а јас ветувам дека ќе дадам се од себе овој проект да не згасне“, напиша таа во својата објава на Фејсбук на којамногумина ѝ честитаа и ја поддржаа.




Претходна статијаПознат македонски наставник упати остра критика за нашиот менталитет поврзан со филмот „Тома“ – „Мало сутра“ (ФОТО)
Следна статијаИгор Џамбазов откри детали за своето детство: Татко ми не беше шеф на семејството