Наум Петрески во сосема опуштено, домашно издание – ваков не сме го виделе (ФОТО)

0

Наум Петерски пред неколку месеци во Бекстејџ изјави дека поради пандемијата и неможноста да зараборува, тој е во загуба 70.000 евра, а живее од платата на неговата сопруга која е професорка по хармоника и од пензијата на неговата мајка.




Инаку, пред ивесно време, политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ на својот Фејсбук статус јавно упати критики кон пејачот Наум Петрески. Јовановиќ на социјалните мрежи напиша оти Наум Петрески добил 1. 107.000 денари од Влада, а потоа во друго интервју ги критикувал властите.




-Ако човек сака да биде признат, релевантен, угледен во општеството; ако човек сака граѓаните да ја слушаат неговата музика, во крајна мера ако авторот сака граѓаните да ја конзумираат неговата уметност, тој/таа, изведувач/ка или перформер/ка не смее да лаже. Оти, нели, уметноста е пред се’ работа на вистина, а не на лага.




Еден од таквите лажни уметници, а со тоа и лажни личности е, пресветлиот народњак, Наум Петрески, лично. Прво, господинот музикант, Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) добил пари од Владата преку „Јавниот повик за финансиска поддршка на индустријата за организација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија“.




Парите кои Наум Петрески (сакам да бидам уметник!) ги добил од Владата на РСМ изнесуваат: 1. 107.000 денари. Од друга страна, во „Фокус“, тој истиот Наум Петрески (сакам да бидам уметник) изјавува: „Немам коментар. Долу Влада“, па уште вели Наум, „најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа било тоа“, ни беседи Наум (што сака да биде уметник).




За на крајот, уште да ја политизира самата изјава, па вели: „Затоа ја губиме и ја изг убивме земјата“. Ем добива помош, ем ја п (л) ука Владата.

Може ли уште подолу, Науме, таго неопеана! Може ли уште по бедно, Науме?! Нема потреба Наум да ја жали Деспина, Наум Петрески е самиот за жалење.




Ако има грижа на совест што оваа Влада не му е по мера, па уште и таквата Владата му помогнала во корона криза, нека ги врати парите. Нели е тоа фер за нашиот народњак што сака да биде уметник?




Плу кај, Науме. Пеј и плукај! П.С. Еве ги паричињата (за проектот во кој Наум ќе пее) добиени од Владата“, напиша Јовановиќ. Наум леотово промовиташе една убава песна, која се вика „Гнездо“, а правеше промоција во неговиот струпки крај, поточно во Радожда.




Со Наум, добар пријател е Андреј Ѓоррѓиевски од ДНК, а и Панчо исто така. Андреј објави слиаа ккко Наум си ја бричи брадата, која последниов период беше дел од неговиот нов имиџ.




Во вакво опуштено издание Наум, кој обиочно го наеме дотеран како за на ТВ настап или концерт, не сме го виделе досега.

Претходна статијаТурунџиева: Можам да живеам без скапа кола и без телефон, колку имам- толку
Следна статијаБрена и Боба ќе се борат до крај, само за да не платат пола миљонче на кумот