Турунџиева: Можам да живеам без скапа кола и без телефон, колку имам- толку

0

Познатата водителка, пејачка и писателка Сузана Турунџиева е голема пријателка со Атиџе Муратова, главната хероина од филмот „Медена земја“, опсоелдната жена во источна Европа која одгледува диви пчели.




Мотото на Атиџе сите го знаеме, половина за нас, половина за пчелите, и таа мисла го обиколи целито свет, затоа што Атиџе стаса о Холивуд, откако „Медена земја“ беше номиниран за Оскар. Сузана и Атиџе сега освен што се дружат, заедно и пеат а планираат да снимат и цел албум.




– Насмевката е најдобриот лек за се… Особено онаа насмевка која се издигнала над сите неволји и преживеала многу несреќи, спознавајќи дека повеќето ситуации во животот ги сфаќаме пресериозно. Многумина и не се сеќаваат кога последен пат од срце се насмеале, оти мислат дека тоа нема потреба!




Дека треба да си којзнае колку радосен, среќен и среден за да се смееш до солзи… Не другАри… Животот не е лесен, и се состои од многу непредвидливи ситуации, од многу бури и невремиња, предизвици, препреки и слепи улици вo кои попатно ја губиме насмевката… Ја снемува…




Затоа, не дозволувајте ништо и никој да ви ја “убие” насмевката, бидејќи таа е најголемиот противотров за сите неповолни периоди низ кои порано или покасно сите поминуваме… Не престанувајте да се смеете, бидејќи од насмевката, се раѓа среќата…“, напиша Сузана до една слика од Атиџе.




Сузана и Атиџе гостуваа во емиисијата Г катрпет на Канал 5 со музиларот Роверо кој ги прави нивните песни, и во емисијата сите заедно запејаа една македонска убава народна песна а водителите им посакаа да одржат концерт. Пред емисијата. Сузана на Инстаграм напиша:




-Ние тројца, го исполнуваме аманетот на мајка Назифе (мајката на Атиџе)… Благодарение на огромниот труд и мајсторство на нашиот продуцент Роберто Кентаур, како и на неисцрпната инспирација која ми ја дава Атиџе секојдневно, ги избришавме границите на можното и неможното и го “трчаме” последниот круг до промоцијата на нашиот прв заеднички музички проект, насловен “Пола тебе, пола мене”…




Бидејќи кога се сака, СЕ се може! Благодарност до сите кои ја препознавте нашата мисија и ни се придруживте, за да ни го олесните патот…

Гледајте не во недела во 19.30 во Golden carpet на Канал5“, напиша Турунџиева пред емисијата. Во неа, таа зборуваше дека материјалното не е важно, туку поважно е духовното.




-Јас се научив да живеам со колку имам со толку. Не ми треба ни скапа кола, можам да живеам со едноставен телефон, а можам да живеам и без телефон, колку имам толку, зборуваше Сузана и рече дека Атиџе ја научила пто е вистинска среќа.

Одвреме навреме мораш да се преслушаш себеси и да одлучиш дали ќе пушташ корени или ќе шириш крила…Секој го споделува само она што го има.. Ние имаме љубов и насмевки – рефус“, сподели Турунџиева на Инстаграм, а до една друга слика со нејзината Атиџе, таа напиша:




-Не може секого да прегрнуваш…. Прегратката е уметност, а не се сите луѓе уметници“.

Претходна статијаСе налути синот на Есма: Господо од власта, освестете се, се фрли во вода долгогодишна работа на Есма и Стево
Следна статијаНаум Петрески во сосема опуштено, домашно издание – ваков не сме го виделе (ФОТО)