-Земјата запре во чекор, во своето движење. Замрзна. Се успори. Желна за мир и спокој кој некако како да и беше потребен на нејзините уморни плеќи.
Човекот ја измори. Да бидам попрецизна, се си продолжи по својот пат, пролет дојде, птиците весело летаат, а човештвото запре„, објасби вои еден звој запис новинарката Валентина Ѓоргиевска за kulart.mk.
-Изгубен и зачуден, во едно расп аќе, граѓанинот на Планетата земја, од кое и самиот не го знае правецот по патот кој досега одел сам, е збунет, а сега чека некој да му го покаже, за да излезе на јасна полјана. Залутал. И сега му станува јасно дека залутал“, објасни Валентина понатаму во својот текст.
-Убаво е што целата таа енергија на веселите и радосни луѓе и нивните новогодишни емоции создаваат енергетска купола која не грее и ја чувствуваме сите. Самата новогодишна атмосфера не прави да уживаме во романтиката. Со погледот на небото и огнометите се раѓаат надежи дека и далечното е блиско и дофатливо, остварливо.
И, на први јануари, како компјутерот со копчето reset, се рисетираме и ние и како да сме се ослободиле од старите грижи, проблеми. Самите си даваме надеж.
Така, нам ни преостануваа во следните 365 дена, и исто толку можности, да ја преточиме во реалност топлината и магијата на новогодишната ноќ и новогодишните честитки, затоа што и надежите зависат од самите нас, колку сме способни, моќни, паметни да ги оствариме, а тоа ние си го должиме прво себеси , а потоа и меѓусебно.
, откри таа во друг текст, објавен во publicitet.mk, во пресрет на новогодишните празници.
Таа раскажа една своја лична приказна, во која главна улога има еден постар човек, продавач на патлиџани. Овој човек кој таа го опишува може да биде нашиот татко, дедо, роднина, сосед, едноставно, во оваа приказна може секој да се препознае, а оди вака:
– Тргнав да купам храна за птиците, по 19 денари ми е во една продавница, истото овде 40. За да им земам дупло за тие пари.
Зедов 100 денари и картичка. По пат ми текна да се напијам кафе од кафемат, отидов со бус две станици.
Кафематот за 10 денари ми даде само топла вода и шеќер, без кафе. Останав без кафе, ама влегов јадев бурек во бурекџилницата отспротива.
Се качив на бус за назад ја најдов комшивката. Ме зазборе, ја утнав продавницата.
На улицата гледам постар слаб човек накај 80 години продава модри патлиџани и патлиџани. Ајде да земам еден модар патлиџан, се запна земи ги трите. Му велам имам само 30 денари, тој упорен земи ги сите.
-Ти секогаш земаш од кај мене.
-Јас прв пат ве гледам, му велам, сте се препознале.
-Еве ти и патлиџани од мене.
-Нема шанси, немам пари стварно.
-Абе не барам пари, моја тезга, мое производство, кому сакам јас давам…
Ми ги уфрли во рака ќесиве (се за 30 денари), се вратив во продавницата зедов 2 чоколада пошто не знам шо јадит шо пиет, можда е шеќераш, па за внуци евентуално…
Купив и жито за птициве. Отидов, му ги давам чоколадата не сака да чуе. Ми ги враќа.
Му велам – Ти ме почасти, сега јас, за да ми е слатко ко ќе јадам, повели.
Му ги отворам дланките, му беа стегнати, шо да видам. Цели со плускавци, изгребени и “нечисти” од работа. Го погледнав во очи, едни очиња насмеани…
И плус, сега гледам дома, пак сум купила жито за принците од поскапото, од 40 денари. Blessed“, раскажа Валентина за своето патешествие.