Сузана Гавазова важи за една од најзгодните фолк пејачки во Македонија, а на социјалните мрежи редовно привлекува внимание со своите фотографии. Инаку, Гавазова важи за пејачка која не е премногу загрижена за она што другите ќе кажат за неа.
Таа во последно време на ѕвезденото небо се истакнува и со своите специфични модни комбинации, а не ретко објавува и фотографии на кои покрај оскудните изданија, можеме да ја видиме и во костими за капење.
Сузана е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска. И покрај благодетите кои ги нуди оваа скандинавска земја, тие решија да се вратат во Македонија, а објавија и зошто, луѓето, убавата клима и онаа позната дома си е дома ги врати во родниот крај на Сузе.
Пејачката пред извесно време објави неколку фотографии од семеен одмор со сопругот и со ќерките. Но покрај фотографијата од која можеме да видиме како ужива на вчера со сопругот, пејачката објави и една на која во центарот на вниманието е нејзиното деколте, а на сите им го привлече вниманието со тетоважата која ѕирка под тесната облека на овој дел од нејзиното тело.
Имено, Гавазова под левата клучна коска ги има истетовирано зборовите „Љубов, надеж, верба“, но на италијански јазик. Како што своевремено самата откри за медиумите, оваа тетоважа ја има направено со надеж и верба дека еден ден ќе го најде својот животен сопатник, што набргу и се случи.
Покрај оваа тетоважа таа имаше и една во форма на око, која пред извесен период ја покри со друга. Пејачката има тетоважа и на својата „позадина“ – нејзиниот хороскопски знак, стрелец.
Сузана и на новите фотографии кои ги има објавено нејзиниот колега Трајче Толевски во прв план ги стави тетоважите. Имено, Толевски објавил слики од него и од многу колеги кои се собрани заедно во ресторан.
Зошто ли целата фолк-естрада се собрала на едно место и е толку весела, се прашаа некои пријатели на Трајче.
Со оглед на тоа дека тој е водител на емисијата „Мерак меана“ и сопственик на ресторан, по се изгледа дека повторно се снима популарната фолк емисија во која се пеат убавите македонски народни песни и песните од Балканот.
Сузана во едно интервју за РБ телевизија објасни како таа ги пее и ги доживува своите песни. „Важно е да се даде интерпретација, да се дадат емоции во песните, да се работат од срце, и мислам дека публиката ќе ги прифати веднаш. Тоа публиката го чувствува. кога песната е работена со љубов“ , изјави Гавазова.
Таа по потекло е од Струмица и како што е познато е горда на својот роден град и често го споменува во интервјуата.
Сопругот На Сузана, Јасмин се занимава со доста платена работа, со градежништво. Тој е инвеститор, и тој на социјалните мрежи објавува фотографии од проектите- становите кои ги продава, а инаку тој гради и вила со поглед на Дојранското езеро за себе и за своите три принцези.
Пред неколку дена, Јасмин објави слики од него како ужива во спа центар, и се релаксира покрај базен и напиша дека е време и тој малку да се одмори по напорната работа со градежните проекти и продажбата на станови.