-Многу ме радува фактот што растам дете во држава во која не требаат учебници и книги а сметам и дека министерката треба да воведе секој ден по четири часа, само вторник по пет, за децата да имаат можност да бираат помеѓу министерски позиции или оние поспособните без ич прочитано и без познавање на јазици да може да се борат за премиери на држави.
Па кога некој од нив ќе сака да оди во театар да си пушти претстава на јутуб, зошто театрите не работат прокиснале а и нема зашо да работат, све има на интернет. Важно сите да се вакц инирани, другото не е тема на муабет, јасно? Уште колку дена има до избори?“, напиша водителката и инфлуенсерка Миа Костовс на својот Фејсбук профил неодамна.
Таа сеогаш гласно ги коментира состојбите во нашето општевство, а во една од своите неодамнешни објави Миа вели: „Син ми има домашна да напише апстрактни и конкретни зборови по македонски јазик. Му викам, земи играј игрици бе алооооо, шо е ова читање и пишување у 21 век. Ме извади од кожа. Ене го игра мајнкрафт и плаче.’
-Кога ги гледам кандидативе и советнициве у оние рекламни кампањи, како уро чени боже ме опрости, да не можеш еден ред на памет да научиш и да мора да читаш од ливче позади камера и у фацките како завршна приредба у градинка со голтање кнедли и суви муцки пред паѓање у нес вес.
Па бре позицијата ви да сте оратори и да знаете да разговарате што со народ што пред камера. Ако чекаме на некој што проста реченица не може да научи на памет, изги насмо. На истите тие статуси утре што ќе им пишуваат вработени за тоа, зошто не можат да врзат три збора и интерпукција мислат дека е план за градба. Тужн ооо…“, напиша во уште свој статус Миа.
Таа беше дел од естрадниот магазин Бекстејџ кој веќе не го води, а во една прилика изјави дека повее зарабоптува вака како инфлуенсерка и убаво и е кога работи самата за себе. Миа даде интервју во Женски магазин и прозборе за некои теми, а меѓу нив и за својот син, и рече дека не иу фали телевизијата.
-Не ми недостига воопшто. Се пронајдов себеси на мојот личен медиумски простор кој со сигурност знам дека е силен колку некои емисии кои имаат термин на ТВ, што уживам во сѐ она што го правам и некако атмосферата за медиум ми е задоволена колку сакам и како сакам.
Дури некако сум со поблиска со публиката а и позната сум по тоа дека комуницирам буквално со секој што ми пишал, ме прашал, искритикувал или пофалил и тоа воопшто не ми е тешко. Напротив … “, изјави Костова.
-Од моментот кога почна вирусот и затворањето дома не сум баш на режим, качив добри 10 кила за 2 години, на кои не сум горда ама па оние ептен ниски не ги сакам назад. Денес уживам во храна со многу одрекувања, но не како порано.
Порано живеев на зелено и заборавав да јадам по два дена. Денес јадам и месо и салата и тестенини и здрави торти и грешам но не се оптеретувам. Единствено нешто за што не се сакам себеси е што никогаш не успеав да сум физички активна а тоа веќе ми носи здравствени проблеми со грб, врат“, рекла Миа.
Потоа на прашањето: Како успеваш да се организираш околу обврските со синот и работните обврски како самохрана мајка, имаш ли помош и од таткото на Андрија околу грижата за него и воспитувањето, таа одговорила вака:
-Кога е Андрија во прашање немам помош од никого од ден еден. Ни финансиска ни физичка. Сега е веќе голем и сѐ она што ми било проблем и нерешливо сега е многу едноставно.
Седи сам дома кога е потребно, самостоен е и многу ми помага. Многу се сакаат со Тијана и ме одменија и со станување за во училиште иако патам од несоници, некако многу мразам да излезам од дома во 7 сабајле.“