Познатата новинрака на Фокус: За гласовите кои ги собра ВМРО, не е заслужна нивната програма, туку неизживеаните функционери на СДСМ (ФОТО)

0

-Сите реклами, сите билборди со фотошопови на кои сте стокмени како да сте се спортисти и манекени, сите флаери, митинзи, пенкалца и запалки, сите плакати и спотчиња, сите позирања на градски пазари и одење по врати, се ви е тоа џабе спискана пара. И знам дека знаете оти е така.“




Оваа го напиша познатата новинарка Вики Клинчарова на 15 окотмври, пред изборите, која живее во Каварадци и обилчно пишува за естрадни теми, но знае да се огласи и со некоја политичка тема. Во моментов, таа пишува во „Фокус“.




– Секој еден кој во недела ќе излезе да гласа, многу пред вашите скапи кампањи веќе одлучил за кого да даде глас. Тоа што сте го работеле или не сте го работеле овие четири години е вашата најударна реклама пред избори.




Тие хвалоспевите и говорите на бина, се ви е тоа како сцени од минатиот век кои му се смачија на народот. Грдн и, непотребни трошоци! Знаеме кој колку може, капацитетот на сите ви го проценивме уште одамна.




Во недела, нека победи оној кој заслужил, а до тогаш да си поуживаме во молкот“, рече Кличарова.

Таа и сега, по изборите, се огласи на Фејсбук, со свое мислење околу актуелната и претходната власт и за она што требало да се направи во напите општини, а не е направено досега.

-Ако ги слушавте пораките од слободоумните граѓани, а не од партиските профитери кои ве чукаа по рамо и цело време врескаа – Победуваме, поинакви ќе ви беа резултатите вчера.




Не може да очекувате од народ кој секојдневно сведочи на неизживеаност и ароганција на локални функционерчиња, да ја гледа големата слика и визија на премиерот Заев за европска Македонија.




Кога секојдневно се соочуваш со бизарни проблеми како што се рестрикции на вода, никаква инфраструктура, кога асфалтирање на улица ти се прикажува како најголемо достигнување, кога молиш за безбедност во сообраќај, кога гледаш како новопечени функционери пикаат на државна работа до трето колено без срам и перде, додека мали приватни бизниси се борат со расклиман систем, што да очекуваш од тој народ?




Првата слика која ја гледаш секој ден е таа во сопствениот двор, а не глобалната замисла за напредна држава која се пропагира на централно ниво.

Од дома ти почнува се, таму првин требаше ред да стават тие, кои овој народ ги избра и ги плаќаше со свои пари да го сработат ветеното.




Сите знаеме по колку години и со какви маки СДСМ дојде на власт. За гласовите кои вчера ги собра ВМРО, не е заслужна некаква си нивна, фантастична програма.

Најзаслужни се токму тие, неизживеаните функционери на СДСМ, за кои на народот му се смачи да ја чека метлата, па ја зеде во свои раце.




Многу добро знаевте кој како ви владее во секоја општина, вчерашните резултати само уште еднаш ви го покажаа тоа. Ќе прашам само, зошто на време на реагиравте??“

Претходна статијаЧува седум мачки дома и се шетала со сekиpа во торба, а еве зошто никогаш немала свои деца: Чудниот живот на познатата Ју пејачка (ФОТО)
Следна статијаПознатата пејачка се налути и крена глас: Не ни требаат типчиња чија кариера се градела во партија (ФОТО)