Огнен Јанески се раскомоти, дојде бос на телевизија да известува од изборите, а уште нешто заборави да стави на себе (ФОТО)

0

Огнен Јанески, познатиот новинар од ТВ 24, кој е познат по свojoт стил на облекивање- пеперушката или наеродски кажано „лептир машната“, која стана неговиот заштитен знак, во едно интервју за Точка зборуваше за тоа како си поминал на патување во Русија и колу го засакал Санкт Петерсбург.




– Се радувам што со вашите читатели можам да ги споделам своите впечатоци од патувањето Руската Федерација, кое го доживеав и од професионален, но и од приватен аспект.




Можеби на многумина првиот впечаток им е дека се’ е премногу големо, прешироко и по малку создава чувство на збунетост и изгубеност, но, јас таквите искуства ги надминав преку живеењето во Њујорк, САД.

Тие што мене како впечатоци ми останаа се чистотата на градот, на улиците и насекаде, како и фактот дека во Москва не зборуваат странски јазици, освен рускиот, па дури и таму каде што работат со странци.




Тоа е сериозен проблем, а особено доколку не го познавате кириличното писмо, што за среќа за нас не е проблем, но сепак, е за многумина странци кои немаат никаква врска со Источна Европа“, рече Огнен, а потоа одговори на прашањето: „Москва или Санкт Петербург и зошто?“




– Санкт Петербург одма, сега и веднаш. Дури и би се преселил да живеам и работам таму. Тоа е град којшто има совршена комбинација на словенски дух, со европеизирани погледи, а без скандинавско-балтичката студеност.




Тоа е Европа – спакувана во 5 милионски град кој ви ја гали душата со уметноста (музика, сликарство, вајарство), книжевноста пред се’, архитектурата која во најголем дел не е повисока од 4-5 ката, смиреноста на жителите, а сепак радосно и пријателски настроени кон туристите (што не е случај со Москва). Таму историјата е на секое ќоше. Таму книжарниците се на врвот. Таму книгата е на пиедесталот.




За викенд, каде и да се движите низ централното градско подрачје слушате музика во живо од млади уметници – рок, поп, руска музика, класика, комбинаторики на стилови… Одите насекаде и потскокнувате од убавина. Канали, река, вода, кеј-прошетки, воздух и ветер, зеленило… Санкт Петербург не е Русија. Барем според мојата споредба со Москва.

– Јас созреав во театорот во Прилеп. Мене таа сцена ми е во душата. За мене театрите се првите нешта кои ги посетувам, секаде каде што одам. Желбата да изгледам претстава на Бродвеј во Њујорк си ја исполнив. Следна ми е да изгледам претстава во Бољшој.




Овојпат не успеав прво поради обврските кои ги имав со руското МНР, а второ поради тоа што се’ беше резервирано, а „тапкарошите“ не успеав да ги најдам за толку кратко време. Но, Бољшој е нештото што ќе ме врати во Москва. И нема да го пропуштам следниот пат. Ете – толку длабоко е чувството на таа театарската грандиозност.




Имаат навика ѓубрето што го создаваат да си го носат со себе и да го фрлаат таму каде што му е местото. Нешто што е нормално за цивилизираниот свет. Специфично е тоа што многу ретко ќе наидете на корпи за отпадоци по улица.




Ќе се напешачите со отпушокот в рака, додека да наидете на корпа, која е на 20 минути пешки од местото каде што сте сакале да фрлите нешто. Просто е неверојатно како имаат толку малку места за фрлање ѓубре, а градовите се пречисти!“, изјави Јанески.




Огнен како и мнногу негови колеги вчера беше на своето работно место, следејќи ги локалните избори. Она што се забележува на сликите кои ги објави на Фејсбук е дека тој не ја носи својата пеперушка, а во постот и сликите кои ги објави објасни и зошто. Но, и уште нешто друго необично се забележувакај Огнен, тој нема ниту чевли!




-Ти го чиниш вака, фино чо’ече на ТВ, стокмено, тоа босоного, чунки ноЅеве ме искинаВа од стоењето. А не дека не можев по папучи да си дојдам, но, тоа е – избори се свечена работа. Особено, вака шаренолики.

P.S. Да не се грижите, на почетокот бев со пеперушка, но, се потурив со кафе и толку се можеше. Хаха“, напиша Огнен до сликите на кои се гледа дека се раскомотил и ги собул чевлите.

 

 

Претходна статијаВидео од кое течат солзи, водителката Бубе од Канал 5 објави лична приказна за мајка си
Следна статијаЦаци од „Сител“ се опушти, за избори се облече во фустан без ракави, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)