Васко Тодоров раскажа дека К-15 се враќаат на ТВ, откри под кои услови

0

Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот од К-15 се појави во емисијата Утринска на Телма и со новинарот Горан Петрески зборуваше за многу нешта, а на почетокот на разговорот секако се навратија на познатите К-15.




– Ние тројца тоа што сме го правеле, тие скечеви што сме ги правеле кога ќе ги погледнеш од некој друг агол, не се баш смешни, меѓутоа, тоа е концептот на сатирата, ние сме сатира главно. Нема тажно време. Сите времиња се смешни и тажни“, рече Васко.




Потоа, новинарот го праша како би направил ретроспектива на времето пред 30 години и сега, тој рече: Се е исто.

Се врти тркалото“, рече Тодоров, а Петрески потоа го потсети на една изјава на К-15 дека шоуто е вишок, бидејќи политичарите им ја земале работатата, во смисол дека е тешко да се направи пародија за она што ни се случува во јавноста.




-Да, ние многу пати сме го кажале тоа. Тоа е баш мала шала, меѓутоа и не е шала. На некои работи е тешко да им се направи пародија. Пародија да направиш треба да го направиш поглупо од оргигиналот да изглед.а Сме имале пробламе, не сме знаеле како да го направиме пог лупо.




Конкуренција има највише. Затоа и престанавме. Не фати креативна љубомора, љубомора не фати, најискрено“, рече Васко и потоа рече дека и сега постојано му доаѓаат идеи за нов скеч затоа што тој уште пишува.




„Ние сме во комуникација со Бранко и со Бубо. Тоа ни е цело време работа. Цело време пишуваме, само кога ќе се створат услови ќе снимаме. Имаме во план, има идеи. Како немаме, за хумор и сатира секогаш има“, рече Васко.




Потоа зборуваше за тоа како му минува еден обичен ден за време на пандемијата: Еден обиечн ден да ти кажам, јас бев доста активен оваа година. Има една книга овде, таа е напишана одамна,.јас ја издадов лани, и ја издадов у сред карантинот кога почна, и е најпродавана книга.




Таа ми повлече и други работи. Со тоа се занимава, со пишување, со творење, тоа ни е работа. Секој ден е различен. Јас не работам нигде од 9 до 4, Ссе бавам поконкретно со други работи, со екпресионизам. Овој збор многу ти се допаѓа. Ексресионизам и импресионизам“, рече Васко и раскажа дека е професионален нуркач кој е сега во пензија.




– Јас усм професионален нуркач, бев, многу години го работев тоа. Кога ќе ме прашаа: зошто нуркаш, јас викам: Дечки, прво доле, сите ќутат под вода, нели маска, никој не досаѓа. Второ вика, нема гравитација. Кога ќе поднаучиш ништо, нема ни горе ни доле, баш е бестежинска состојба и викам трето, многу добри риби има.




Се пензионирав од таа работа. Се изнагледав риби и едно време рибите под вода почнаа да ме избегаваат, си викаат: Па ли овој, аман овој, до тука више, со цревото“, рече Васко и откри дали е во опција да се снимаат нови епизоди на К-15.




-Зошто да не. Само ќе си произлезе тоа. Ние пишуваме. Кога ќе почнеме да снимаме, ако снимаме, а би требало да снимаме, се надеваме, ако се створат услови, ќе се створи и втора и трета и трилогија“, рече Васко мислејќи на продолжението од неговата книга „Тошо Малерот монологија“.

Претходна статијаИрина не може да верува на каков живот наишла во Швајцарија: Оставаш пари на пазар, земаш зелечук колку сакаш, а продавачот никаде го нема
Следна статијаТурунџиева објави слика со Атиџе и порача: Оздравувај побрзо, немаме време за губење