Еве што ѝ порача Ребека на својата внука Кјара која стана инфлуенсерка во Нов Зеланд (ФОТО

0

Подолго време, водителката Хелена Роза живее во Нов Зеланд со сопругот Игор, ќерката Кјара и синот Тијан.

Хелена во едно интервју во Женски магазин зборуваше за нејзиниот живот во Нов Зеланд, поточно го градот Окленд.




-Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.




Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува. Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќе.




„Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав, бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето.




За жал ,ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам. Се е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“, додаде Хелена.




Во една од песнит на пејачот Филип Пешевски, кој беше промовиран со видеозапис снимен во Саранда, соседна Албанија, глуми и ќерката на некогашната водителка Хелена Роза, Кјара Гоља. Таа во видеото ја има улогата на девојка на младиот пејач, а со оглед на тоа што Саранда е летна дестинација, се појавува во бикини и изгледа одлично.




Многу е очигледно дека ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља ги наследила гените на својата мајка. Ако ја погледнете Хелена пред 25 години, па и сега, ќе забележите дека „мајка природа“ не штедела кога подарувала атрибути.




Кјара е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од себе. Во една прилика таа од топлиот Нов Зеланд каде што живеат, сподели фотка во прекратки панталони кои откриваат доста… Кјара често објавува провокативни фотографии на Инстаграм.




„Нешто природно“, напиша таа под фотографијата, на која собра повеќе од илјада лајкови.Доколку го отворите Инстаграм профилот на Кјара може да забележите професионални фотографии на кои се гледа дека Кјара е убавица како нејзината мајка.




Нејзината текка, пејачката Ребека Јанковска- Ристески е многу горда на својата внука. Та сподели нова фотографија од Кјара на која таа рекламира природни производи за одржување на формата и линијата, и напиша: Убавинка моја.

Претходна статијаУтре измијте го лицето со овој чај – брчките, дамките и малите неправилности ќе исчезнат
Следна статијаКалиопи откри кога ќе се пензионира, и од што сака да се отараси: Доволна белја сум си сама на себе